Диети

Диета против целулит – ослободете се од целулитот за 14 дена!

Реклама
Реклама

Ако деловите на вашата кожа кои изгледаат како кора од портокал ви ретставуваат проблем, оваа диета од 14 денови може да биде решение на проблемот.

Маркетинг

Целулитот најчесто се јавува кај жените по дваесет и петата година, а многу често и по породувањето. Може да биде многу незгоден и потребна е голема упорност да се ослободиме од него. Иако е карактеристичен за луѓе со прекумерна тежина, може да се забележи и кај многу слаби девојки. Фактори кои влијаат на појавата на целулитот се генетиката, возраста, слободните радикали во организмот. Ситуацијата може значајно да се подобри врз основа на храната која ја внесуваме. 

Како прво и основно треба да се намали собирањето на течности во организмот и да се елиминира вишокот течности од масните клетки. Ова може да се постигне со намалување на внесот на сол, пиење поголеми количини на вода и внесување на намирници кои делуваат како диуретици како на пример брусница, целер, коморача, шпаргли, магданос и сл.

Вишокот масти под кожата значително делува на целулитот така што е потребно да се согорат овие поткожни маснотии со помош на диетата против целулит и соодветни физички активности.

Маркетинг

Целулитот изгледа полошо на дехидрирана кожа поради тоа што има повеќе вода во масните клетки отколку во клетките на кожата. Здравите масти ја хидрираат кожата бидејќи придонесуваат течноста да остане внатре во клетките на кожата, а не во масните клетки. Според тоа, важни елементи на диетата против целулит се оревите, семките, маслинките и морската риба.

План за исхрана

Наутро, на празен стомак: чаша минерална вода (не ладна)
 8.00 ч.: сок од еден портокал
11.00 ч.: јогурт, кафе без шеќер
12.00 ч.: 150 гр. варено пилешко без кожа и маснотии (најдобро бело месо), 100 гр. варена риба, зелена салата со сок од лимон, без масло
17.00 ч: чај без шеќер, парче двопек
20.00 ч.: 50 гр. варен ориз со свежи домати, варено јајце, овошје (освен банана), 100 гр. млеко со ниска масленост.

Диетата е многу рестриктивна така што се препорачува дополнително внесување на витамини и минерали.

Доколку целулитот е концентриран само на нозете, треба од исхраната целосно да се исфрли солта, а кога ќе се забележи подобрување на состојбата може да се користи сол во мали количини. Доколку долниот дел од стомакот е зафатен со целулит, треба шеќерот целосно да се исклучи од исхраната. Во текот на диетата е забрането да се консумира алкохол, а се препорачува движење и вежбање, кои се и најделотворни за отстранување на целулитот. Најмногу помагаат пливањето и аеробикот, а доколку немате услови за тоа, обидете се да шетате од 30 до 60 минути пет пати неделно.

Масирањето на деловите со целулит исто така помага да се ослободите од него. Масирајте се со соодветни гелови или креми против целулит или во када со топла вода.

{simplepopup}

{/simplepopup}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button