Реклама
Кафе муабет

Можат ли денешните деца да пронајдат убавина во едноставните работи?

Реклама

Не е потребно да го правите волшебно детството на вашите деца.

 1 detstvo

Не е потребно да го правите волшебно детството на вашите деца. Детството само по себе е магичен период, дури и кога не е совршено. Кога нашите мајки и баби би виделе како се однесуваат модерните мајки, би помислеле дека сме полуделе. Од кога да се биде добра мајка значи да се поминува пишувајќи ја домашната работа со детето, да се создава детска соба како од бајките или да се избираат модни комбинации како за врвен модел? Денешните мајки имаат потреба да ја докажуваат вредноста на своето дете преку бесмислено скапите роденденски забави со многу видови чоколада на тортата и претерано скапи подароци. Нашето детство не било совршено, но сепак родендените биле среќен настан затоа што на него присуствувале најдобрите пријатели. Радоста не се наоѓаше во роденденските кеси, совршените украси или нешто слично. Трчањето, играњето и смеата немаа цена. Едноставно. Денес родителите се опседнати од идејата дека треба постојано да бидат посветени на своите деца и на некој начин да им служат. Со тоа не се создаваат волшебни моменти. Воопшто не е потребно од животот да се направи холивудска продукција. Оставете ги вашите деца да уживаат во своето детство, да трчаат по игралиштето и невино да му се насмевнуваат на животот.

Маркетинг

Оставете ги да сонуваат за вистинска среќа, а не за материјални богатства!

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button