Реклама
MAMAКафе муабет

Денешните деца наместо пријатели, имаат следбеници на социјалните мрежи, наместо да љубат, тие лајкуваат

Реклама

Денешните деца постојано седат, бегат од друштвото за да се задлабочат во екраните, играат игри.

ФОТО: unsplash.com

Секако, игравме и ние игри како деца, но нашите игри беа со целото наше тело, не само со палците на прстите. Моравме да се мрднеме од своето место за да играме, да се забавуваме. Нашите деца денес едвај знаат да потрчаат. Тие не се качуваат по дрва. Не прескокнуваат огради. Не играат ластик, ниту криенка, ништо. Нашите деца ги бројат лајковите на социјалните мрежи, се натпреваруваат кој ќе добие повеќе поени.

Детството не е и не треба да биде само лајк. Детство е кога ќе станеш наутро и нема да знаеш што попрво да направиш. Дали да играш криенка или да ја грабнеш топката и да излезеш надвор? Дали да возиш велосипед или да трчаш? Дали да се лулаш на лулашката или да одиш кај баба и дедо? Детството е свеж леб, јаболки кои мирисат. Лежење на трева. Качување по дрвја. Детство со кукли и шумски јагоди.

Маркетинг

Можеби модерните мајки ќе речат дека ова е старомодно, но времето пред интернетот и останатата технологија имаше големи предности за нас, за нашиот развој и за нашите спомени. Време кога во куќата имаше само еден телевизор, а не секој да има во својата соба.

Секако дека и ова денес има своја предност, но екранот на таблетот не може да го замени мирисот на книгата која едвај чекаш да ја прелистеш.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button