Реклама
Хороскоп

На огнениот и самоуверен Лав е тешко да му се одолее

Реклама

Личностите родени во знакот на Лав се иманентни лидери и владеат со остатокот од човештвото и тоа го прават на навистина перфиден начин, така да место за незадоволство нема. Можеби другите чувствуваат дека се родени лидери, па тоа природно наследство им го препуштаат, па од тами и не чуди што толку многу познати личности се родени токму во овој знак.

lavhoro1

Лав – личност и карактер

Маркетинг

Сите знаат кога моќниот Лав доаѓа и се наоѓа во центарот на внимание, а на огнениот и самоуверен Лав е тешко да му се одолее. Природата ги има надарено Лавовите богато, па во нив има енергија, памет, убавина и сексапил за три личности. Тие не можат да живеат без внимание и ’светлото на рефлекторите‘ и ласкањето и воодушевувањето им е неопходно и од есенцијално значење. Од таму и обожаваат по нив да се вртат сите, каде и да се појават.

Лавот е огнен знак кој што го сака животот и од него очекува добро да се забавува. Како и останатите огнени знакови, спремен е да го користи умот за решавање на најкомплицираните проблеми и превзема иницијатива за решавање на секакви замрсени ситуации. Лавот тоа го сваќа како начин на кој најдобро ќе дојде до израз!

Маркетинг

Сонцето е владетел со Лавот и затоа тој истото го обожава во сите облици. Што всушност е метафорички израз на неговото сопствено его. Од една страна тоа може да биде здраво, затоа што лесно го бара она што му е потребно. Од друга страна, проблематично е кога Лавот ги игнорира проблемите и потребите на другите како би ги исполнил сопствените желби. Луѓето родени во овој знак многу често не се свесни за проблемите на нивното окружување, поради преголемата концентрација со самите себе.

lavhoro2

Проблемите со Лавот настануваат кога Тој ќе стане премногу вљубен во своите достигнувања. Тој е арогантен, нефлексибилен и мисли дека секогаш е во право и дека секогаш постои некој друг кој ќе ’чисти‘ по него.

Што се однесува до љубовта и сексот, овој огнен знак е страствен и искрен во своите чувства. Кога е во прашање сексот, од Лавот може да очекувате да биде авантурист, забавен и полн со енергија. За Лавот постои јасно дефинирана граница помеѓу сексот и љубовта. Партнерите ги бира според нивната спремност да му овозможат лидерска позиција, да сјаат во полн сјај и да бидат независни. Партнерот би требало да му биде интелектуално сроден, како врската би била успешна. Лавовите се лојални, забавни и многу дарежливи кон својот партнер.

Во делот за семејство и пријатели, Лавот е најпредадениот знак во зодијакот, тој е верен и оддаден пријател. Ќе се потруди да помогне дури и ако тоа му одзема доста енергија и време. На него можете да се потпрете и тој има способност да им се допадне скоро на сите. Лавот многу ретко ќе го видите сам, интеракцијата е неговата втора природа. Блиските пријатели ги бира според способноста да го одржат чекорот со неговата енергија, како и силното чувство на достоинство и посветеност на индивидуалните вредности. Кога е во прашање семејството, Лавот ќе стори сé што е потребно како би ги заштитил. Верноста кај Лавот е за цел живот!

lavhoro8

Во ’одделот‘ за кариера и материјални добра, Лавот е извршител и „Јас ќе…“ се клучните зборови за овој знак. Големата количина на енергија ’спакувана‘ кај Лавот тежнее тој секогаш да биде зафатен, без разлика што се случува околу нив. Тие се амбициозни, креативни и полни со оптимизам. За Лавот не е доволно само да ја заврши својата работа, тој ќе ја заврши најдобро што може. Кога еднаш ќе му се посвети на својот работодавач, ќе стори сé за него, но сепак е во најдобра ситуација кога самиот себе си е газда.

Лавот сака да биде опкружен со нови и тренди работи. Парите лесно му доаѓаат на Лавот и таквата позиција му дава раширени раце. Професиите како менаџмент, настава и политика исто така добро им лежат. Сé што го поставува на лидерска позиција, природно му одговара.

Лавовите од својот живот го очекуваат најдоброто, а мора да се признае дека обично и го добиваат. Многу се успешни во љубовта и работата. Но сепак се егоистични и арогантни, но и нежни: токму квалитети какви што треба да поседува еден Крал!

Затоа и не чуди што многу познати личности се родени токму во знакот на Лав. Ние ќе ви претставиме само некои од најпознатите и најактуелни!

Мадона

Родена на 16 август, 1958г. во Беј Сити, Мичиген, САД

lavhoro4

 

Иако е веќе во ’зрели‘ години, Мадона е и понатаму типична Лавица и има желба да покаже сé што може и има. Двата додатни аспекти во знакот на Лав, Венера и Уран, говорат дека може да биде поприлично напорна и полна со барања кога е вљубена, со доза на бунтовништво. Но Месечината и се наоѓа во практичната и верна Девица, што ја објаснува стабилната движечка сила на нејзините успеси.

Џенифер Лопез

Родена на 24 јули, 1969г. во Њујорк

lavhoro5

Магазинот People en Español ја прогласи за една од 100-те највлијателни Хиспаноамериканки, затоа што без сомнеж, Џеј Ло е славна и моќна! Нејзините албуми се продаваат во милиони примероци низ светот, а иако филмовите ú немаат заработено Оскари, на киноблагајните поминуваат и тоа како добро. Па дали тогаш оваа Лавица го заслужува епитетот на ’размазена дива‘? Со Сонцето и Меркур во знакот на Лав, кои сакаат да бидат под светлото на рефлекторите, тоа е можно, но и Месечината во Сонце ни кажува дека се работи за отворена и чесна личност.

Арнолд Шварценегер

Роден на 30 јули, 1947г. во Тал, Австрија

lavhoro6

 

Ако било кога постоела приказна за успех која би можела да послужи како типичен пример за американскиот сон, тогаш тоа е животната приказна на Арнолд Шварценегер. Овој Австриец успеа да премине многу препреки како би станал не само успешен актер, туку и гувернер (владетел) на Калифорнија. Неговата харизма доаѓа од самодовербата, карактеристична за луѓето со Сонце во Лавот. Но, Меркур и Венера во Риби му даваат нежност и допадливост која неговите фанови ја сакаат. Ги издржа сите контроверзии и скандали, а Месечината во амбициозниот и упорен Јарец не дозволува ништо да му стои на патот.

Антонио Бандерас

Роден на 10 август, 1960г. во Малага, Шпанија

lavhoro7Роден во знакот на Лав, Антонио Бандерас зад себе има многу улоги во филмови и на шпански и на англиски јазик. Освен што се бави со глума, зад себе има и режисерски остварувања, како и музички обиди. Додека Сонцето му е во Лав и му дава самодоверба, па скоро и ароганција, Месечината во Овен му помага да ги оствари своите значајни таленти. Луѓето со Месечината во Овен поседуваат страствена нестрпливост кога е во прашање остварувањето на целите, а кариерата на Бандерас е одличен пример на тоа што некој може да постигне доколку се заинати!

 

И за крај, ќе ви дадеме еден мал шематски приказ на главните особини и карактерни црти на Лавот, за кои веруваме дека ќе ги препознаете кај себе или кај вашите блиски Лавови.

lavhoro3

 

Сила: Топлина, хумор, гордост, радост, креативност, страст, големо срце.

Слабости: Ароганција, тврдоглавост, нефлексибилност, егоцентричност, мрзеливост.

Харизматични ознаки: Кралевски манири, моќен, силен, мускулест.

Работи кои ги сака: Театар, да биде обожаван, одење на одмор, забави со пријателите, скапи работи, светли бои.

Не му се допаѓа: Да го игнорираат, соочување со реалноста, да не добива целосно внимание.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button