Реклама
Наши ѕвезди

Цеца бeз гpaдник и во издание со кое ги сруши социјалните мрежи – ФОТОГРАФИИ за кои уште долго време ќе се зборува!

Реклама

Светлана Цеца Ражнатовиќ и покрај тоа што пред помалку од година дена стана баба се уште изгледа феноменално.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Познатата фолк дива е активна на социјалните мрежи, а со своите последни објави привлече големо внимание.

Откако најпрво ги изненади сите со фотографија на која е во кежуал издание, со фармерки и заштитна маска, Цеца објави на својот профил на социјалните мрежи фотка на која позира во тесен светкав фустан во сина боја. Таа под фустанот не носи градник, а заради фризурата и комбинацијата пејачката изгледа минимум 20 години помладо.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Цеца под фотографијата веднаш доби голем број комплименти и ласкави коментари, а еден фан и порача:

„Изгледаш како да имаш само 20 години!“

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Цеца блеска и во 2020!

По оваа фотографија следуваа уште неколку слични изданија со кои пејачката ги остави сите без здив.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Што се однесува до преубавите фотографии што Цеца ги објави на Инстаграм, тие се со потписот на Дејан Миличевиќ, а како што вели пејачката, не најавуваат ништо, туку едноставно имала слободно време и решила да направи нешто квалитетно заедно со својот стар познаник и соработник.

„Нека биде тоа еден од светлите спомени за оваа 2020 година. Жал ми е што не сакам да се фотографирам колку што реално би можела, а колку што на моменти можеби и би требало. Со тек на време се заситив од тоа, но верувам дека тоа е некоја фаза“, вели таа за „Стори“.

Таа во интервјуто се осврна и за проблемите во кои се наоѓа музичката индустрија, но и за негативните реакции.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

„Јас пред сé, не се жалев во мое име. Опишав како стои целата бранша. Второ, неодамна еден дневен весник објави дека сум земала помош од државата, па остро демантирав бидејќи не земав. Сметам дека постојат луѓе на кои таквата помош во ваквите моменти им е многу неопходна. Трета и најважна работа е тоа што нема пари на естрадата. Кога зборувам за естрадата, сите веднаш ќе помислат на оние што ги гледаат на телевизија, но забораваме дека зад еден пејач стојат голем број луѓе. Композитор, студи, луѓе што работат во тоа студио, стилисти, шминкери, фризери, музичари, возачи, сопственици на дискотеки или организатори на концерти, а таму пак работат некои келнери кои продаваат пијалаци, работат обезбедување, монтажа, техника, тоа е синџир.“

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

„Целата таа индустрија застана. Ги видов коментарите на сметка на мојата изјава. Со негативните коментари не ме погодувате мене, туку сите овие луѓе што ги споменав, а кои сега не работат“, заклучува таа.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Извор: Стори.рс, Гламур

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button