Реклама
MAMAКафе муабет

Брат и сестра – најсилната поддршка во животот, не постои друга таква љубов во светот

Реклама

Нивниот однос поминува низ различни фази – од игнорирање и ривалство во деството, до најсилна поддршка и потпора во зрелите години.

ФОТО: blogs.goddardschool.com

Во детството братот и сестрата најчесто се сложуваат како куче и маче, но нивната љубов и тогаш е силна и нежна. Поинаква од сите останати. Братот и сестрата се сакаат на посебен начин, дури и кога гласно се карааат и еден кон друг се однесуваат како ривали. Оние кои ја немаат таа привилегија, можат само да им завидуваат. Љубовта помеѓу братот и сестрата е специфична.

Во раното детство доминира нетрпеливоста пратена со неразбирање и љубомора, затоа што децата се борат за родителското внимание. Девојчињата честопати се нежни, па возрасните се поблаги кон нив, ги фаворизираат бидејќи се послаби, што ги нервира момчињата и затоа се обидуваат да докажат дека нивните сестри се негативци. На таа возраст се груби, не се двоумат да ги тегнат девојчињата за коса, да им ја подметнат ногата, да им ја уништат куклата, да им кажат дека се досадни или глупи. Девојчињата тоа стресно го доживуваат и ги боли тоа што братот не сака да си игра со нив, па плачат.

Маркетинг

Слична слика се случува и во пубртетот, кога браќата се незаинтересирани за дружење со сестрите. Дистанцата е присутна отколку порано, но, разликата е во тоа што девојчињата се посилни, па често им го возвраќаат ударот. Сега и тие ги игнорираат браќата, не се трудат да им се приближат, дури се обидуваат да прават и работи спротивно од нив.

Но, со текот на времето тоа се променува, затоа што како растат, братот и сестрата сфаќаат дека немаат поголеми пријатели еден од друг. Почнуваат да излегуваат заедно, да слушаат иста музика, да создаваат заеднички пријателства. Сестрите се најголема поддршка на браќата, а браќата за сестрите се повеќе од суперхерои.

Маркетинг

Блискоста помеѓу братот и сестрата досегнува посебна висина во уште подоцната доба во животот, кога веќе ги нема родителите, па уште повеќе се потпираат еден на друг. Иако имаат свое семејство и свој живот, братот и сестрата секогаш се тука еден за друг. Тоа е посебна љубов, која не личи на ниту една друга.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button