Реклама
MAMAКафе муабет

Болна приказна од мајка која го изгубила бебето: Моето девојче никој не може да го замени

Реклама

Мама Сања, која со нетрпение го очекува своето четврто бебе, на интернет го сподели своето искуство кое оставило трајни траги на нејзиното срце.

ФОТО: dailysabah.com

08.06.2013. Никогаш нема да го заборавам тој датум. Солзите ми течат и ме боли душата и денес, како и тој ден. Компликациите во бременоста ме следеа од самиот старт: хематом, крварење… Покрај тоа, девојчето супер напредуваше. Бев оптимист, иако три месеци секојдневно обилно крварење не е добар знак. Мирување, лежење во болници со недели. Терминот ми беше во октомври. Ме пуштија дома затоа што до некаде ми се смири состојбата.

Почувствував страшна болкка во стомакот која беше пропратена со обилно крварење (како некој да ме боди со нож). Мојот сопруг возеше како луд до болницата, можевме да загинеме. Таа ноќ се роди нашата кукла тешка само 680 грама, во 23-тата недела од бременоста. Бебето се наголтало со крв. Да останеше жива, мојата совршена кукла сигурно би останала парализирана. Тоа не го сфаќав тогаш, ниту пак сакав да слушам. Само чувствувам неизмерна болка и тага. Иако ми зборуваа дека во такви ситуации важно е да се спаси мајката.

Маркетинг

Мојата сјајна ѕвезда честопати ја гледам на небото и плачам. Никој не може да ја замени. Оваа болка не би ја посакала на ниту една жена, мајка… Но, мора да продолжуваме понатаму. Никогаш нема да го заборавам мојот мал ангел.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button