Лошите навики, нездравата исхрана, стресот и намалената физичка активност си ги оставаат своите последици – и тоа не преку ноќ, па така и не треба да очекувате дека истите тие последици ќе ги снема за бргу време.
Здравата храна која ја издвоивме нема само да влијае на губењето на мастите, туку и на вашето здравје, затоа што човекот е она што го јаде.
Грејпфрут
Содржи ензими кои го намалуваат нивото на инсулин и гликоза во крвта, извонредно е богат со витамин Ц, го поттикнува исфрлањето на течности, помага и при зголемен крвен притисок.
Зелен чај
Го забрзува метаболизмот и согорувањето на масти, го намалува нивото на холестерол, се користи и кај инфекции и настинки.
Јаболко
Го поттикнува исфрлањето на течности од организмот, го подига имунитетот, со спречува заморот и губењето на концентрација, содржи 90 отсто вода и има 0 масти.
Интегрална пченица
Богати се со витамини Б и Е, магнезиум, железо и сложени јаглехидрати, го намалуваат нивото на холестерол во крвта, помагаат при варењето и исфрлањето на отровите, го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.
Ѓумбир
Омилената кинеска прехранбен продукт му помага на телото полесно и побргу да ги согорува мастите. Служи како иницијална каписла за процесот преку кој телото ги согорува мастите и ги претвора во топлина.
Извор: zdravahrana.com