Оваа диета е наречена „понеделник диета“ бидејќи се држи само во понеделник, и тоа пет недели по ред.
Диетата е ригорозна, со тоа што во понеделник се внесуваат само околу 600 калории, додека во останатите денови има ограничувања на храната што може да се консумира. Диетата ја осмислила нутриционистката и фитнес инструктор Кејти Смит од Америка, барајќи начин да се ослободи од вишокот килограми и масните наслаги на стомакот, колковите и задникот, по двете бремености. Со оваа диета Кејти ослабнала шест килограми и ја добила саканата линија.
Диетата започнува од понеделник кога се чисти организмот и се внесуваат само околу 600 калории. Исхраната се состои само од овошје и зеленчук, намирници од растително потекло и напитоци кои го поттикнуваат исфрлањето на вишокот течности од организмот. Од вторник до сабота треба да се избегнува благо, бел леб, салами, мрсни сирења и кашкавали, а да се консумира пилешко, риба, овошје, зеленчук и интегрални житарици. Во недела можете да јадете се што сакате, но во умерени количини. Дозволено е да се користи маслиново масло и сол, бибер и билни зачини. Секое утро пред појадокот треба да се испие чаша вода со сок од половина лимон.
ПЛАН ЗА ИСХРАНА
Прв понеделник
појадок: 2 чаши јогурт со ниска масленост
ужина: чаша сок од цитрон
ручек: 150 г. мешана салата и 120 г. варен компир
ужина: чаша чај со лажичка мед
вечера: 200 г. сезонско овошје
по вечерата: чаша чај со мед
Втор понеделник
појадок: 1 чаша јогурт со ниска масленост измешан со рендано јаболко
ужина: чаша сок од зеленчук
ручек: 150 г. мешана салата и 40 г. интегрален леб
ужина: чаша чај со мед
вечера: супа од зеленчук, без тестенини
по вечерата: чаша чај со лимон
Трет понеделник
појадок: јаболко и круша
ужина: чаша сок од домати
ручек: 30 г. варен ориз и 150 г. варен зеленчук
ужина: чаша чај со мед
вечера: 250 г. мешан свеж зеленчук и по вечерата: чаша чај со мед
Четврти понеделник
појадок: чаша јогурт со ниска масленост и половина банана
ужина: чаша сок од јаболко без шеќер
ручек: 150 г. варен грав со 150 гр. мешана зелена салата
ужина: чаша чај со мед
вечера: 70 г. суво овошје и по вечерата: чаша чај со мед
Петти понеделник
појадок: 2 чаши јогурт со ниска масленост
ужина: чаша сок од зеленчук
ручек: 100 г. компири и 50 г. праз на пареа
ужина: чаша чај со мед
вечера: 2 дл. супа од зеленчук и 140 г. морков варен на пареа со лажичка младо сирење.