Гавазова и во обични тесни фармерки изгледа како милион долари – фолкерката изненади и со необичниот детаљ на нозете
Тесните фармерки веќе со години им се омилени на многу познати дами, а сега за овој тренд се одлучи и Сузана Гавазова.
Популарната македонска пејачка на социјалните мрежи изненади многумина кога облечена во своите омилени тесни фармерки почна да танцува пред камерите. Таа носеше црна „Balmain“ маичка и робусни беж чизми, а целото издание го заокружи со црн „стејтмент“ капут.
Што се однесува до тесните фармерки, тие и се омилени на Гавазова. Таа буквално не се одвојува од нив во последно време, а на прв поглед можеме да забележиме дека и во нив изгледа неверојатно, како и секогаш.
Иако во последно време повеќето стилисти за овој модел велат дека излегува од мода, жените дефинитивно не се откажуваат од него, па нема да се изненадиме и ако наскоро се вратат на голема врата.
Имено „skinny“ моделот секако дека не е ништо ново во светот на модата, но и покрај тoа што нивната популарност е во опаѓање во последно време, посветлите модели, и посебно белите, ќе бидат хит и оваа пролетна сезона.
Но не треба да заборавиме дека за ваквите модели потребна е и малку храброст, бидејќи ги оцртуваат сите недостатоци и не му ласкаат на телото, но затоа изгледаат неверојатно со долга кошула или туника.
А како тоа го прави Гавазова, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Наши предлози:
Mango
Mango
Mango
Mango
Mango
Mango
Zara
Zara
Zara
Zara
Zara
Zara
Zara
Zara
Zara