Џенифер Лопез во новиот спот до најситни деталји ја копираше фолкерката – горат социјалните мрежи од коментари!
Џенифер Лопез ја копираше Ана Николиќ, па нејзините фанови беа воодушевени кога ова се прошири на социјалните мрежи.
Кога се појави спотот за нејзината песна „Беше убаво“, сите беа воодушевени што Ана Николиќ реши повторно да се врати на музичката сцена.
Нејзиниот „кам-бек“ следуваше по цели четири години, а публиката ја почести со оригинален концепт, сјајни песни, но и со тоа што никогаш не изгледала попровокативно од сега. И сите беа воодушевени од нејзиното враќање.
А тоа дека нејзината идеја е оригинална сведочи и фактот дека Џенифер Лопез во новата песна што ја направи со атрактивниот Малума очигледно ја позајмила идејата од познатата фолкерка. Имено, во спотот за латино хитот „Па ти“ дел од кадрите во кои се појавува Џенифер Лопез речиси се идентични со кадрите од спотот а Ана кој беше снимен осум месеци претходно.
На самиот почеток од видеото јасно е дека Џенифер Лопез ја копра Ана Николиќ. Имено, во луксузен двор од вилата, Џеј Ло седи во домашен мантил, со турбан на главата и чита весник преполн со вести за неа. Ви звучи познато? Да, токму таква сцена можевме да видиме и во спотот на Ана Николиќ, а на крајот од сцената се случува фрлање на весникот што исто така го направи и Џенифер.
Фановите на познатата фолкерка откако се појавија сцените од новата песна на Џенифер, со коментари ги „запалија“ социјалните мрежи.
Николиќ се уште не се огласила во врска со тоа што послужила како инспирација на една од најатрактивните жени на светот, но сигурни сме дека нема да и се налути.
Инаку, за Николиќ во последно време се почесто се пишува, и тоа најчесто што за кратко време успеа да се преполови и својот изглед да го донесе како на почетокот од својата музичка кариера.
Но многумина ја критикуваат и дека изгледа анорексично, а таа очигледно не е премногу загрижена за ваквите критики.
Таа за неколку дена треба да објави и нов спот, а како изгледа ќе изгледа во него, погледнете во продолжение.