Не е до сирењето, бремена е – медиумите открија дека познатата актерка е бремена на 42 години. Го открија и полот на бебето!
Ева Лонгорија Бастон е бремена!
Според магазинот „Пипл“ познатата актерка со нејзиниот сопруг Хосе Анотнио Бастон го чекаат првото дете. Според информациите што се појавија во медиумите, парот чека дете и тоа машко, а во прилог на ваквите гласини одат и нејзините осцилации во килограмите, со акцент на стомакот кој е се позабележлив во последно време.
Актерката поради тоа знаеше и да се пошегува на своја сметка со зборовите дека не е бремена туку дека јаде многу сирење. Но како што пренесуваат американските магазини, сега познатата актерка и нејзиниот сопруг со кој се венча минатата година, очекуваат бебе. Ева зад себе има брак со Тони Паркер со кој беше мажена од 2007 до 2011, и брак со Тајлер Кристофер кој траеше од 2002 до 2004.
Бракот со Хосе и е трета среќа, а од фотографиите што ги објавуваат на Инстаграм можеме да видиме дека навистина се среќни.