Телохранителот на Бела Хадид е вистинска модна икона
Нејзиниот телохранител е одличен пример за маж со добар стил
Можеби е случајност, а можеби е избран токму заради тоа. Како и да е телохранителот на Бела Хадид навистина има чувство за мода. Покрај беспрекорниот изглед тешко е да не ги забележите и неговите сини очи, но и мускулесто тело. Вниманието успеа да ни го привлече уште пред месец дена во долгата карирана јакна која му стоеше совршено во комбинација со црни фармерки и елегантни кондури со темно црвени врвки.
Така беше и на Модната недела во Лондон кога комбинацијата со тесни фармерки и обична црна маица ја заокружи со бомбер јакна и повторно успеа да го сврти вниманието на себе.
Можеме слободно да кажеме дека ова е еден од најстилизираните телохранители што сме го виделе досега, но и дека воопшто нема да претераме ако за него речеме дека изгледа како вистинска модна икона.
Нели? :)