Реклама
Вирално

100 дена без корона: Додека во светот се бројат жртвите, оваа земја има причина да слави, еве во што е нивната тајна

Реклама

Денеска на Нов Зеланд е одбележан 100-тиот ден откако е сузбиено ширењето на коронавирус, со што оваа земја стана светол пример во светот во која беснее опасната болест.

Во оваа островска земја од пет милиони жители, животот се врати во нормалните текови – напреварите се одржуваат пред преполни стадиони, луѓето седат во пабовите и рестораните ослободени од грижата дека ќе бидат заразени.

Маркетинг

Меѓутоа, малубројни гласови сепак предупредуваат дека земјата би можела да биде неподготвена да се соочи со некоја идна епидемиолошка коронакриза.

Откако во втората половина од март се дијагностицирани 100 лица позитивни на коронавирус, воведени се строги и остри рестриктивни мерки благодарение на оние со кои Нов Зеланд успеа да го спречи ширењето на заразата.

Маркетинг

Во последните три месеци нови случаи на коронавирус евидентирани се само кај ретки патници повратници кои уште на граница се упатувани во карантин.

– Благодарение на медицинската стручност и доброто политичко водство успеавме да и се спротивставиме на опасната болест. Погледнете, каде било во светот ако имате успешна борба против епидемијата, тоа е благодарение на таа комбинација – медицинска стручност и добро политичко водство, истакна професорот Мајкл Бејкер, епидемиолог од Универзитет во Отага.

Тој нагалси дека многу земји, многу лошо управувале со пандемиската криза, и тоа сега го сфаќаат и трагаа по нови решенија угледувајќи се на Нов Зеланд.

Економијата на Нов Зеланд подобро помина отколку што многумина прогнозираа: невработеноста не надмина 4 отсто, иако аналитичарите тврдат дека таа бројка не е поврзана со пандемијата, а одлуките и водството на премиерката Јасинда Ардерн сите го фалат и наведуваат дека таа е успешен пример.

Досега на Нов Зеланд се потврдени околу 1.500 случаи на коронавирус и само 22 загубени човечки животи, а истражувањата покажуваат дека поддршката за Работничката партија на премиерката Ардерн е во пораст пред септемвриските општи избори.

Поради тоа стотиот ден од која е спречено ширењето на коронавирусот, многу граѓани на Нов Зеланд го одбележаа со чувство на благодарност и олеснување.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button