Реклама
Новости

#10 year challenge – како најубавото девојче се претвори во најубавата жена на светот

Реклама

17-годишната Тајлин Блонду, француската манекенка која неодамна беше прогласена за најубава жена на светот, објави фотографија стара десет години како дел од Инстаграм и Фејсбук предизвикот „10 year challenge” и ги воодушеви обожавателите на социјалните мрежи.

„Каква убавина, совршенство од глава до пети“, „Неверојатна убавина”, пишуваа воодушевено обожавателите, а многумина заклучија дека манекенката во голема мера ги потсетува на популарната американска актерка Денис Ричардс.

Маркетинг

Блонду има потпишано договори со некои од најпознатите модни и козметички брендови, и фотографијата која е стара 10 години е една од оние што ја прославија и ја донесоа меѓу најубавите девојки, а тоа на крајот ја доведе и до титулата на најубавата жена на светот.

https://www.instagram.com/p/BstCNGJhyvW/?utm_source=ig_embed

Маркетинг

„Не се сметам себеси како најубава девојка на светот. Кога бев мала, тоа луѓето постојано ми го зборуваа. Но јас тоа не можев да го разберам. Бидејќи кој го кажува тоа? Кој вели дека сум најубава“, изјави во една пригода манакенката.

https://www.instagram.com/p/BsYGW2Lhz0W/?utm_source=ig_embed

Инаку, станува збор за ќерката на поранешниот фудбалер Патрик Блонду, а која има поприлично контроверзна кариера како модел. На само четири години се појави на модната ревија на Жан Пол Готје, а две години подоцна позираше за насловната страница на магазинот Vogue Enfants.

Тајлин кога имаше само десет години беше најмладиот модел што се појавил во модната библија „Vogue Paris“, а исто така има и своја сопствена линија на облека.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button