Реклама
Наши ѕвезди

Џеј Ло сподели фотографија со својата мајка и го сруши Интернетот – ГВАДАЛУПЕ и во осмата деценија изгледа одлично!

Реклама

Крвта не е вода

Фото: Инстаграм/ Џенифер Лопез

Гвадалупе Лопез е мајка на една од најубавите жени на светот. А тоа дека јаболкото не паѓа далеку од крошната можеме да видиме и од новата кампања на Џенифер Лопез која што ја направи со својата мајка. Сега никој не може да се запраша зошто Џеј Ло изгледа толку совршено и покрај годините, бидејќи одговорот очигледно се крие во гените.

Но и во начинот на живот.

Маркетинг

Имено, пејачката се согласи за еден бренд да направи модна кампања. Но познатата убавица не е ѕвезда во оваа кампања, туку мајката на Џенифер Лопез, која овој пат и го украде шоуто на пејачката.

Фото: Инстаграм/ Џенифер Лопез

Покрај Џенифер и Гвадалупе во оваа семејна кампања учествуваа и близнаците Ема и Макс.

Маркетинг

Мајката на Џенифер Лопез има 74 години и е одличен доказ дека постојат добри гени кои се заслужни за наследната убавина.

Имено, и нејзината позната ќерка, Џенифер Лопез изгледа неверојатно во својата 52 година од животот.

Фото: Инстаграм/ Џенифер Лопез

Три генерации од семејството, уживаат во ручекот на планина, на видеото што ја следи кампањата, а коментарите на социјалните мрежи се сведуваат на тоа дека Џеј Ло и нејзината мајка делуваат како сестри.

Фото: Инстаграм/ Џенифер Лопез

„Како изгледа модерно семејство? Официјална дефиниција не постои. не станува збор за совршенство, туку за прифаќање, така што секој може да биде онаков каков што е без сокривање“, изјави Џенифер Лопез во видеото што ја следи кампањата.

Фото: Инстаграм/ Џенифер Лопез

Таа никогаш не криела дека за време на кариерата имала голема поддршка од својата мајка и сестра. Сепак таа посебно е поврзан со мама, која неодамна и посвети и една емотивна порака на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Џенифер Лопез

„Луѓето често ме прашуваат од каде ми е енергијата, начинот на кој возам, на кој танцувам. Е знаете, Гвадалупе, мојата мамичка… Откако ја памтам, таа секогаш танцуваше, се смееше и ја развеселуваше секоја просторија во која ќе се најдеше. Таа е дефиниција за младоликост. Од секогаш сакала музика и филмови, а верувала и во вистинската љубов. Сé што наследив е од неа. И заради тоа и јас сум подобра“, напиша Џенифер и откри дека станала сето она што нејзината мајка Гвадалупе неуморно го посакувала за неа.

Фото: Инстаграм/ Џенифер Лопез
Фото: Инстаграм/ Џенифер Лопез
Фото: Инстаграм/ Џенифер Лопез
Фото: Инстаграм/ Џенифер Лопез
Фото: Инстаграм/ Џенифер Лопез
Фото: Инстаграм/ Џенифер Лопез
Фото: Инстаграм/ Џенифер Лопез
Фото: Инстаграм/ Џенифер Лопез

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button