Реклама
CelebrityХоливуд

Ќерката на Моника Белучи провоцира со раширени нозе (ФОТО)

Дел сметаат дека не е ништо страшно, за дел пак е вулгарно

Реклама

Сексапилната  18-годишна Дева Касел, наследничката на Моника Белучи е убавица која навистина ги освојува симпатиите на модните куќи. Младата маникенка веќе сериозно навлезе во светот на модата по стапките на мама.

Дева беше фотографирана додека снима реклама за долна облека од тантела на брендот „Долче и Габана“ кај барокната Фонтана ди Треви во Рим претходно неделава.
Сличноста со мајка ѝ, една од најубавите жени на светот, е очигледна благодарение на темните кадрици и шминка, кои го отсликуваат препознатливиот изглед и безвременска убавина на Моника од 90-тите.

Маркетинг

Светските медиуми ја пренесуваат оваа вест со прекрасните фотографии.

Маркетинг
фото/Инстаграм

Дел од медиумите пред неколку дена, пак, споделија нејзина приватна фотографија  направена во Њу Јорк, а објавена на  нејзиниот инстаграм профил. Сите пренесоа како оваа млада дама направила  провокативната поза.  Дел сметаат дека не е ништо страшно, за дел пак е вулгарно. Ова е фотографијата што предизвика бура од реакции

фото/инстаграм

Нејзиниот шарм е совршен спој на убавината на Моника Белучи и магнетизмот на Винсент Касел.

„Во моментот сум посветена на манекенството, како и на драмската работилница, на која присуствувам. Не би ми пречело да се обидам да глумам. Мислам дека навистина би уживала во тоа, но знам дека тоа е тешка професија, чие усовршување бара многу време и многу лични вложувања. Навистина го ценам фактот што моите родители никогаш не ме принудија да глумам. Секогаш ми велеа дека можам да бидам што сакам кога ќе пораснам поради што бев многу отворена во разни домени“, изјави таа неодамна во интервју за магазинот Glass.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button