Реклама
Наши ѕвезди

Ќерката и синот на Алачки ги знаеме сите, но ќе се изненадите каква убавица е и нејзината снаа

Ова се најважните личности во нејзиниот живот

Реклама

Нејзиниот син неодамна се заколна на вечна љубов

Популарната водителка и пејачка Адријана Алачки има син кој е опасен фраер, но и преубава снаа која никого не остава рамнодушен.

Благоја, синот на Алачки, при крајот на минатата година се ожени со неговата сакана Емилија која исто така е пејачка. На нивните профили на социјалните мрежи се уште стои снимката од првиот танц на свадбата од која можеме да видиме и како изгледаше снаата како невеста.

Маркетинг

Во прашање е млада и шармантна пејачка Емилија Трајкоска која на социјалните мрежи го промени презимето во Алачки.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска

Таа во 2021 година има снимено и спот, а привлекува внимание и со своите објави на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Емилија Алачки

Потсетуваме, Адријана покрај синот Благоја ја има и ќерката Грациела на која деновиве и беше роденден, па гордата мама напиша:

„Денешниот ден е многу значаен во мојот живот, на денешен ден се роди моето прво чедо, мојата радост, гордост, мојата причина за живот, мојата Граци, мојата душа и дамар, мојот здив, мојата мала принцеза. Таа сега веќе е мајка сопруга, жена со вистински вредности.. сега таа е мојот учител, мојот пример, мојот идол, скромна, ненаметлива а толку силна… Нејзината моќ е токму во нејзината искреност, чесност., спонтаност и емпатија.. вистински пример за своето дете. Ти благодарам сонце мајкино што благодарение на тоа што си, одам со крената глава.. со чист и бел образ. Среќа е да се има ќерка како тебе. Биди ми здрава и жива, среќна и уживај во секој миг од животот. Те сака мама“, напиша Алачки на роденденот на својата ќерка.

Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки

Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки

Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button