Реклама
Наши ѕвезди

Што ќе добие сопругата на кошаркарот Перо Антиќ по разводот?

Реклама

Пред неколку недели главна вест во медиумите беше разводот на Перо Антиќ и неговата сопруга Ружица.

Перо и Ружица по 13 години брачен живот режија да се разделат и секој да тргне по свој пат. Според информациите што беа објавени во медиумите, нивните деца за сега остануваат да живеат со мајката во семејната куќа, додека познатиот кошаркар веќе некое време живее во неговиот стан на Водно.

Маркетинг

Што се однесува до поделбата на имотот, според извори блиски до парот, Перо се согласил заедничкиот имот да го поделат на два еднакви дела и да се разделат во добри односи, и непотребно да не се „влечат“ по судови.

Информациите за нивната разделба прв ја пренесе естрадниот магазин „Бекстејџ“ кои објавија дека по долги години брачен живот решиле се разделил пред неколку месеци. Се шпекулираше и дека милионите што Перо ги заработи во својата кариера ќе бидат подеднакво поделени.

Маркетинг

Одлуката да се разделат Перо и Ружица ја донеле по извесен период откако не можеле да ги надминат непомирливите разлики, па така што решиле дека разводот е најдобра опција. Поради децата ќе останат во коректни односи.

Нивниот развод не се случи преку ноќ,  туку кризата меѓу нив трае веќе некое време.

Набргу откако се појави веста во медиумите, Ружица го врти своето моминско презиме на Инстаграм и реши повеќе да не го следи својот поранешен сопруг на оваа социјална мрежа. Информациите дека решиле да стават точка на нивниот брак ги изненади нивните заеднички пријатели и фановите на кошаркарот, иако нивниот брак беше во криза и пред неколку години.

Имено, и пред неколку години македонските медиуми објавија вест дека првиот македонски кошаркар во НБА и неговата сопруга се разведуваат. Ружица и Перо тогаш за дневниот весник Вест ја потврдија оваа информација, но категорично одбиваа да зборуваат на оваа тема.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button