Реклама
Вирално

„Што значи солзавец и шок бомба прв пат почувствував вчера.. Малиот почна да се гуши и панично да плаче“: коментар на една скопјанка што не остави без зборови

Реклама

Коментарот на една Скопјанка што случајно го сретнавме на социјалните мрежи, но за кој сметаме дека треба да го прочитаат сите.

Фото: @JackMacedon/ Twitter

„Што значи солзавец и шок бомба прв пат во живот почувствував синоќа. Живеам зад Собрание и по прошетката со мојот син сакавме да си дојдеме дома…, но целиот воздух околу беше со гас… Не зафати. Малиот почна да се гуши и панично да плаче… Ни пријде млад пар и момчето ми рече: госпоѓо ставете нешто на нос за да не дишете солзавец, детето јас ќе го заштитам. Ја стави неговата јакна на носот и устата на син ми, додека неговите очи интензивно му солзеа. Со девојка му ни купија вода во првото тобако и не испратија до дома. Беа Албанци. Сакам да кажам: ЧОВЕЧНОСТА НЕ ЈА СОБОРУВА НИШТО! НИТУ ЕДНА ПРИПАДНОСТ! ЗА ТАКОВ СВЕТ ТРЕБА ДА СЕ ЗАЛОЖУВАМЕ! ДА БИДЕМЕ ДОБРИ И ДА СЕ ГРИЖИМЕ ЕДЕН ЗА ДРУГ. Му благодарам од душа како мајка и човек!“

Маркетинг

 

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button