Реклама
Култура[тор]

Штипски средношколци ќе ја слават својата матурска онлајн

Реклама

Prom-line party

Веќе е јасно дека годинава матурантите останаа без матурските прослави. Но, матурантите од Средното медицинско училиште „Јане Сандански“ од Штип не треба да жалат, бидејќи нивното училиште организира настан со кој ќе се прослави овогодинешната матурска вечер. Во целосна организација на директорката на училиштето м-р Емилија Рамбабова, во соработка со локалниот бенд „No End“ и поддршката од класните раководители на четврта година, матурантите ќе можат да ја доживеат својата долгоочекувана вечер на уникатен и незаборавен начин.

Маркетинг

Утре, во 21 часот преку пренос во живо на Фејсбук страната на училиштетото ќе започне двочасовната забава и се очекува матурантите да искусат барем мал дел од тоа што толку долго го очекуваа и планираа.

Директорката на училиштето им го честита матурирањето и се надева дека ќе успее барем малку да надомести за изгубениот важен момент.

Маркетинг

Нов феномен во светот

Инаку, во светот популарноста на виртуелните матурски забави станува сѐ поголема во време кога мерките за физичко дистанцирање се уште се активни. Се чини дека матурантите се повеќе и повеќе ги одржуваат матурските онлајн.

„Виртуелните матури ми дадоа можност да очекувам и да се радувам на некој настан, кој би бил славење на трудот и работата низ годините, со луѓето кои ги сакам. Навистина си поминав убаво“, истакна за ББС Изабела Домидион од Кентаки, која исто така ја планирала својата матурска забава долго време, пренесе порталот „Слободна Европа“.

„Многу се вознемирив кога нашата матурска забава се откажа. Толку долго ја чекав“, истакнала таа.

Како и многу други матуранти ширум светот, Сенаида и Изабела биле дел од онлајн матурска забава. Виртуелните матури се одвиваат на „Зум“, „Јутјуб“, „Твич“ и „Тик Ток“,  додека учесниците се облечени во нивните долгопланирани фустани и изгледи“. Хаштагот #ВиртуелнаМатура (#VirtualProm) веќе брои над еден милион објави.

Сенаида била дел од виртуелна матура која станала толку популарна, што немало место да се придружи на „Зум“ забавата. „Мислам дека на „Зум“ се приклучија околу 1500 до 2000 луѓе. Учениците почнаа да отвораат свои чет соби, а јас се уклучив во една случајна каде се сретнав со мнозинство тинејџери ширум светот. Се забавувавме преку разговор и се запознавме“, нагласила таа.

Виртуелните матурски забави се претвориле во голем феномен, па познатите започнале да се приклучуваат во чет собите за да им овозможат на матурантите незаборавно искуство. Актерот Џон Краскински отворил своја матурска чет соба, велејќи дека иако се пропуштаат многу работи, матурата не може да биде една од нив. На неговата виртуелна матурска забава се придружиле Били Ајлиш и „Џонас Брадерс“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button