Реклама
Наши ѕвезди

Шерифовиќ НЕ сакаше да и даде глас на пејачката од Македонија, а Вики ја шокираше публиката – мислеше дека пее Елена Ристеска

Реклама

Елена не успеа да ги добие сите шест гласа

Елена Миленковска во својот последен настан во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ настапи со песните „Ничија“ и „Нинанајна“, но доби само пет гласа.

Маркетинг

Заедно со неа настапи Немања Ѓрѓевиќ од тимот на Јелена Карлеуша кој се пласираше директно во шестиот круг.

Немања го освои максималниот број гласови, а се претстави со песните „Кавгаџике моја малечка“ и „Проклета да е виолината“.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Гранд

„Немања, така е кога некој има срце! Не сме ние ‘баба роги’ па да бркаме само некои грешки, но ти даваш енергија, вистински шмекер си, позитивен лик“, беше кратка Вики, па ја пофали и Елена: „И ти ми се допадна. Одлично изгледаш. Драго ми е што испеа своја песна“, изјави Вики и направи грешка.

Фото: Принтскрин/ Гранд

„Па тоа не е нејзина песна, туку на Елена Ристеска. Дали ти воопшто знаеш која е таа?!“, изјави Саша Поповиќ.

Фото: Инстаграм/ Вики Миљковиќ

„Знам македонска пејачка“, одговори Вики. „Но од каде ја знаеме“, повторно ја праша Саша, на што Вики немаше одговор.

„Па жената беше учесничка на Евровизија луѓе“, објасни Марија Шерифовиќ чудејќи се како нејзината колешка не знае за неа.

Фото: Инстаграм/ Елена Миленковска

Инаку, токму Марија Шерифовиќ не и даде глас на Елена, па по нејзиниот настап го образложи тоа.

Фото: Инстаграм/ Елена Миленковска

„Затоа што Немања го има сето она што преставува една Гранд ѕвезда. Млад, точен, харизматичен. Немам ниту една замерка. Тоа Елена не го намалува фактот дека беше добра, но прости ми, тој беше подобар и сакав тој да оди понатаму“, искрено и кажа Шерифовиќ на нашата претставничка.

Фото: Инстаграм/ Елена Миленковска

Потоа Бекута откри дека работела со Елена на својата песна „Ничија“ бидејќи додека Миленковска вежбала и таа случајно се нашла во студиото.

„Ги имавме тие половина час, и беше убаво. Задоволна сум. Браво, но тоа може уште подобро во бараж“, изјави таа.

Фото: Инстаграм/ Гуте Маринковиќ

Елена сепак е победничка!

Учеството на Елена во музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ и донесе многу промени во животот. Таа тука го запозна својот сегашен сопруг, доби дете и благодарение на шоуто се здоби со огромна популарност.

Фото: Инстаграм/ Гуте Маринковиќ

Таа и нејзиниот сопруг, пејачот Гуте Маринковиќ, важат за еден од највљубените парови на естрадата, а секоја нивна објава на социјалните мрежи завршува во медиумите. Тие по неколку месечната врска во февруари минатата година решија да се заколнат на вечна љуов и да запловат во брачните води, а набргу им се роди и малиот Максим.

Фото: Инстаграм/ Елена Миленковска

Во една пригода Елена во интервју за Гламур зборуваше за мајчинството и колку тоа ја променило во животот.

Еве што изјави таа тогаш:

„Животот стана поинтересен, најљубовен, полн со среќа и смеа, но исто така и со грижи. Многу созреав и секојдневно созревам покрај Максим како личност така и како родител. Самото тоа што знам дека јас сум му мајка на Максим ме прави најгорда. Горда сум на себе и горда сум на нашата љубов со Гуте која го донесе Максим на овој свет. Навистина е создаден с многу љубов и расте во топол дом исполнет со мир и бескрајна хармонија“, ни изјави тогаш Елена.

Фото: Инстаграм/ Елена Миленковска

Фото: Инстаграм/ Елена Миленковска

Фото: Инстаграм/ Елена Миленковска

Фото: Инстаграм/ Елена Миленковска

Фото: Инстаграм/ Елена Миленковска

Фото: Инстаграм/ Елена Миленковска

Фото: Инстаграм/ Елена Миленковска

Фото: Инстаграм/ Елена Миленковска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button