Реклама
Наши ѕвезди

Шармантниот Бали-бег во проблеми заради луксузната вила од два МИЛИОНИ евра – цела Турција во шок од ОНА што му се случува!

Реклама

Бурак Озчивит е во сериозни проблеми

Бурак и неговата сопруга Фахрие Евџен пред нешто помалку од година дена се остварија во улога на родители.

Маркетинг

Но нивното уживање со малиот Каран го ремети тоа што шармантниот Бали-бег западна во проблеми со криминалци заради луксузната вила што ја купил.

„Проблемот настана кога Бурак дозна дека уште некој е заинтересиран за нивниот имот и дека цената не му е важна. И бидејќи актерот прв дал аванс, вториот купец останал без луксузната куќа. Набргу се дозна дека вториот заинтересиран купец е припадник на криминалното подземје и дека воопшто не му се допаднало тоа што останал без вилата која што по секоја цена сакал да ја има“, изјави извор за турските медиуми, а пренесе српскиот „Glossy“.

Маркетинг

Наводно на познатиот Турчин сега му се закануваат што таму ја купил вилата која вреди повеќе од два милиони евра. На почетокот Бурак не ги сфаќал сериозно овие закани, но сфатил дека криминалците се серизони кога почнале да му се закануваат дека ќе му го киднапираат синот.

Бурак затоа решил да го пријави случајот во полицијата и верува дека набргу ќе се реши сé. Секако дена не му е сеедно, па затоа изнајмил и телохранители без кои не излегува од својот дом, но се надева дека драмата наскоро ќе заврши, вели изворот кој е близок до актерскиот пар.

Но како што пишуваат турските медиуми, заради целата ситуација познатиот актер дошол до тоа да мора повторно да го посетува својот психијатар.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button