Реклама
Наши ѕвезди

ФОТО: Ќерката на Влатко и Силви го следи нивниот пат, веќе е успешна во својат кариера – „Таа е нашето сонце, но не сака да се кити со името на мјака ѝ и татко ѝ“

Реклама

Македонското музичко дуо, кое опстојува веќе 30 години на македонската музичка сцена, може да се пофали со многу концерти, свирки и песни кои веднаш стануваат хитови.

ФОТО: Силви Бенд/Фејсбук

Силви и Влатко Плевнеш, освен со својот талент, пленат и со добрина, скромност и љубов која ја пренесуваат преку музиката.

Инаку, Силви и Влатко на македонската музичка јавност за прв пат и се преставија уште во почетокот на 90-тите години, кога особено станаа популарни со големиот макфестовски хит, песната „Ангели ме носат“ и оттогаш па се’ до денес, зад себе имаат безброј настапи, хитови, музички видеоспотови.

Маркетинг
ФОТО: Силви Бенд/Фејсбук

„Бакнеж како музика, Ме полудуваш, Само мој, Ако ме љубиш, Не сакам крај… и секако најголемиот нивен хит испеан на „Макфест 91“, со кој и ја започнаа естрадната приказна „Ангели ме носат“(на музика од легендарниот Драган Вучиќ, и текст на Ѓоко Георгиев,водител на култната радио емисија „Три гонга“). се песните кои не враќаат во младоста и будат убави спомени кај секој од нас.

ФОТО: Силви Бенд/Фејсбук

Пред Нова година тие снимија и нова песна, убавата балада „Неразделни“, како најава за новиот осми по ред албум.

Маркетинг

Покрај песните и естрадните настапи, тие се познати и по своите изведби на мјузиклите како што се „Коштана“ или „Ромален“, кои успешно ги изведуваат и надвор од границите на Македонија.

ФОТО: Силви Бенд/Фејсбук

Покрај тоа што се долго време заедно во музичките води на забавната македонска песна добро познатите Силви и Влатко се заедно и во проватниот живот како сопружници.

Заедно се околу две децении, а она со што Влатко ја освоил Силви била неговата сталоженост и смиреност.

-Мојот сопруг ме освои со музикалноста, со извонредната интерпретација и богатите хармониски решенија”, откри Силви за „Вечер“, која истакна дека надворешниот изглед воопшто не и бил важен.

И после толку години, Силви се уште кај Влатко најмногу ја сака неговата музикалност.

ФОТО: Силви Бенд/Фејсбук

-Тој е извонреден музичар. Уживам во смирените моменти поминати со негоо, вели Силви, која смета дека како минуваат годините така љубовта се повеќе им се зголемува.

Како плод на нивната љубов ја имаат ќерката Деаделина која на некој начин го оди патот на своите родители.

ФОТО: Деа Плевнеш/Инстаграм

– Таа е нашето сонце што не грее.Да, тргна по нашите стапки. Заврши основномузичко, средно музичко на ударни инструменти и на крај во Македонија го добивме првиот аудио инжинер , кој дипломира на светскиот Универзитет о Амстердам ЕСАЕ Институт и многу сме горди на таа нејзина диплома, светска, призната во целиот свет. Сето тоа си е по нејзина желба, истакна Влатко во интервју за „Естрада плус“.

Силви пак вели дека Деа е изразит индивидуалист и е сосема своја, како и заслугите кои што ги има во животот сака да бидат лично нејини.

-Не сака да се кити со името на татко и и мајка и. Мислам дека тоа беше една од поголемите причини поради кој што ојде во бел свет и се врати со светска диплома, на кој што сме особено горди и Влатко и јас. Посакувам на сите родители да си дочекаат, оној момент кога детето им добива диплома и кога ќе го прочитаат името е навистина убаво чувство, истакнува Силви.

Деа веќе бележи и заеднички проекти со своите родители. Особено учество во проектот „Коштана”, со перкусии, на разни ударни инструменти.

ФОТО: Деа Плевнеш/Инстаграм

Деа Плевнеш живее во Холандија каде што дипломираше џез-тапани, а работи и како диџеј.

– Пред нашата ќерка стои голем пат. Таа инсистира на личен развој и не сака да го потенцира фактот дека ние сме нејзини родители

Ние сме тука да ја поддржиме, да ја сакаме, да и создадеме услови, да ја подучиме и помогнемее, истакна поубавата половина од Силви бенд. за „Вечер“.

ФОТО: Деа Плевнеш/Инстаграм

Оваа година бендот ќе слави 30 години од своето постоење По тој повод тие ова лето во јули или август, со специјален концерт во нивниот град Охрид, или како што велат во македонски Ерусалим, ќе го одбележат овој голем јубилеј.

-И самата незнам како така брзо поминаа тие 30 години. Впрочем и нашата ќерка израсна во вистинска девојка со која јас и Влатко како родители се гордееме. Летаат неосетно годините, додека да трепнеш со очи, во нашиот случај секако најмногу исполнети со нашите многубројни верни фанови со кои ги памтиме убавите настани што ги имавме во изобилство на многубројни концерти, свирки, дружби, со песни кои секогаш им ги пеевме од сесрце.Тие ни возвраќаа со љубов и еве со 30-годишната лојалност, кажа Силви за „Вечер.прес“.

Влатко и Силви во лето на просторот на „Долни Сарај“ во Охрид ќе ги прослават трите децении работа со внимателно одбрана програма која ќе биде составена од богатиот музички материјал, и со стари добро познати песни, но и со таа новата која се вртеше по радио станиците сега за новогодишните и Божиќните празници.

Инаку додека траеше карантинот во Македонија, Силви своевремено изјави дека заедно со Деа се посветени на јогата и медитадијата, се разбира со заедничка онлајн дружба на релација Скопје-Амстердам.

ФОТО: Деа Плевнеш/Инстаграм
ФОТО: Деа Плевнеш/Инстаграм
ФОТО: Деа Плевнеш/Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button