Реклама
Интервју

Филип Пешевски „Најважно ми е девојката да не е здодевна“

Реклама

Македонската музичка сцена од пред неколку години се збогати со уште едно ново име. Филип Пешевски е скромно момче кое имавме можност да го видиме на некој од фестивалите во земјава, но не и на талент шоу како што вообичаено се запознаваме со новите музичари. За тоа како се одлучи да стане музичар, за детството, но и за неговиот приватен живот прочитајте од интервјуто….

Како се роди љубовта кон музиката?

На првата средба со гитарата и првиот отсвирен акорд на неа, од тогаш сме неразделни.

Како се одлучи пеењето да стане твоја професија?

Сосема спонтано ,никогаш не ни помислувам дека ке станам познат пејач, сонував да бидам познат фудбалер.

Што најмногу ти недостасува од детството?

Најмногу ми недостасуваат друштвените игри :)

Со кој од светските ѕвезди сакаш да имаш дует? Кој е твојот идол?

Па има многу со кои што би сакал да снимам дует, но ке ги издвојам Lady Gaga, Dua Lipa i The Weekend.

Што според тебе недостасува на македонската музичка сцена?

Повеќе музички емисии исклучиво со Македонски Артисти и Македонска музика, Талент шоу, поголема поддршка од медиумите за Македонска музика и уште мноооогу работи :)

Твојот последен сингл е „Ти ми стоиш најдобро“,дали можеби песната е посветена за некоја девојка и е автобиогравска?

Хахах не, не е посветена за девојка. Уште не можам да се одлучам која ми стои најдобро ?

Какви девојки го привлекуваат Филип?

Секакви, паметни но најважно ми е да не е здодевна :)

Како се приметува дека си заљубен?

Па мислам дека не се приметува, не сум тип на човек што се менува , секогаш сум ист , не подпаѓам под влијание на било каква ситуација.

Често може на социјалните мрежи да те видиме во кујна, како се снаоѓаш?

Перфектно, специјалист сум за тестенини и италијанска храна :)

Освен музиката што друго те исполнува?

Дефинитивно спорт (теретана,фудбал, велиосипед) .

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button