Реклама
Вирално

Тукушто објавени вознемирувачки вести за коронавирусот – песимистички информации сподели и министерот Филипче!

Реклама

Директорот на СЗО соопшти вознемирувачки информации

Светската здравствена организација планира да направи состанок оваа недела како би го проценила напредокот во истражувањата за борбата против болеста.

Маркетинг

„Пандемијата на „Ковид -19“ не е ни блиску до крајот“, изјави денес на брифингот пред новинарите во Женева директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Адхан Гебрејесус.

„Сите сакаме ова да биде готово, Сите сакаме да продолжиме со нашите животи“, изјави Тедрос, пренесе Ројтерс

Според неговите зборови, тешката реалност е дека ова не е ни блиску до тоа да може да му го видиме крајот.

Маркетинг

И покрај тоа што многу земји глобално постигнаа напредок, пандемијата всушност се забрзува, истакна Тедрос. СЗО планира да повика состанок во текот на неделата како би процениле напредокот во истражувањата за борбата против болеста, наведува Ројтерс.

Еве кога се очекува вториот бран

Инфектологот и професорот на Медицинскиот универзитет во Атина, др. Никос Сипсас во интервју зборуваше за можноста да се појави втор бран на вирусот и мерките кои што Грците мораат да ги применат со отворањето на границите и примањето на голем број туристи во земјата.

Во телевизиското интервју инфектологот и професорот на Универзитетот во Атина подвлече дека мерките кои сега се спроведуваат во Грција, се далеку од ентузијазмот со кој се спроведуваа во март и април.

Според него токму младите се тие што прават отстапки од нивната примена, па затоа тука треба да се посвети поголемо внимание, посебно во текот на летните месеци.

Факт е дека во Грција има многу помал број на потврдени случи отколку во останатите земји од светот, но ова се објаснува со фактот дека пандемиите се природен феномен кои следуваат во циклуси. Во нашата земја „бурата“ прескокна преку нас но може во секој момент да се врати.“

„Вирусот се уште постои во заедницата“ – истакна Сипсас во разговор за „Мега“ и додаде дека вториот вран го очекува во ноември или декември.

Тој се осврна и на увезените случаи кои во иднина ќе претставуваат голем проблем за Грција.

Кинезите почнуваат да ги вakцинираат војниците?

Кина им понуди два вида на вakцини на вработените во државните претпријатија кои патуваат во странство.

Кинеската војска доби зелено светло да користи кандидати за вakцината против корона вирусот кои ги развија нејзините истражувачи и лабораторијата „КанСино Биолоџик“, откако со клиничко тестирање беше докажано дека е безбедна и до некаде ефикасна, соопшти денес оваа компанија.

Како што пишува Ројтерс, во прашање е „Ad5-nCoV“, една од осумте кинески кандидати за вakцина за која е дозволено тестирање на луѓето во земјата и странство. Таа вakцина доби одобрување за тестирање и на луѓето во Канада. Кинеската централна војна комисија одобри, според соопштението на „КанСино Биолоџик“, употреба на оваа вakцина во војската на период од година дена. Компанијата во одговорот на прашањето од Ројтерс одби да открие дали вakцината ќе биде задолжителна, наведувајќи дека тоа е деловна тајна, пишува оваа реномирана новинска агенција.

Кина на почетокот од месецот две од овие осум вakцини им понуди и на вработените во државните претпријатија што патуваат во странство.

Во Македонија расте бројот на жртви од коронавирусот

Во последното деноноќое животот го изгубија 12 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Штип, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар, информира Министерството за здравство.

Оваа бројка воедно е и најголема за еден ден откако се појави епидемијата во нашата земја.

-На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби животот го изгубија двајца пациенти од Струга на возраст од 60 и 66 години, пациент од Тетово на возраст од 49 години и пациент од Скопје на 72 години. Во ГОБ „8 септември“ животот го изгубија четири лица, тројца пациенти од Скопје на возраст 56, 69 и 75 години и пациентка од Велес на 68 години. Во болницата во Штип пациент на возраст од 81 година го изгуби животот. Во Гостивар на 70 години.

Во Тетово пациент на 62 годишна возраст. Во Институтот за белодробни заболувања за деца- Козле згасна животот на пациентка од Скопје 83 години, потврдена позитивна денес, информира Министерството.

Истовремено, оттаму соопштиваат дека во последните 24 часа се направени 868 тестирања, а регистрирани се 132 нови случаи на ковид-19 во Македонија.

Во Куманово излекувани пациенти повторно се заразиле

Се испитува дали коронавирусот се вратил кај веќе излекувани пациенти од Куманово.За ова информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Има еден случај којшто треба да се потврди во Куманово, но во светот има веќе такви потврдени случаи. На што се должи тоа, сега во овој момент науката сѐ уште не одговорила со сигурност. Има некои иницијални докази дека станува збор за некаква форма на мутација на вирусот. Каква е таа форма, дали е силно или послабо изразена, сѐ уште нема докази“, изјави министерот Филипче за медиумите.

Надлежните од кумановската општа болница денеска потврдија дека двајца нивни вработени, повторно се заразени од вирусот, објави Фактор.мк.

Филипче рече дека поради непочитувањето на мерките за заштита се зголемува бројот на заболени.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button