Реклама
Вирално

ТРЕТА СРЕЌА: Се ожени Дарко Лазиќ- први фотографии од гала венчавката, сите зборуваат за преубавата невеста (ФОТО)

Пејачот пресреќен...

Реклама

Денеска фолкерот Дарко Лазиќ и неговата избраничка Катарина во црква се заколнаа на вечна љубов.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Пејачот го изговори судбоносното „да“ во родниот Брестач, а по црковната венчавка продолжи раскошната прослава на која присуствуваа 520 гости.

Маркетинг

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Долгоочекуваната свадба е во тек а Дарко Лазиќ ги испочитувал сите традиционални српски обичаи, па уште од прва удрил во јаболкото, но и ја купил невестата.

Маркетинг

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

На гала прославата пејачот и неговата избраничка поканија повеќе од 500 гости, меѓу кои претежно беа колегите на Дарко од естрадата.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

По црковната церемонија, младенците пристигнаа во луксузен ресторан, а првиот танц го играа на песната „Је л ти река ко?“ во изведба на хрватскиот поп пејач Петар Грашо.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Невестата блесна во раскошна венчаница, а овој романтичен момент ги остави без зборови сите присутни.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Очекувано најголемо внимание привлече доаѓањето на Ана Севиќ, првата сопруга на Дарко со која ја има ќерката Лорена.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Дарко и Катарина го дадоа и своето прво интервју како сопружници:

– Се чувствувам како оженет маж, ќе видиме утре… Се обидувам да ги задржам солзите, но некои работи не можете да ги скриете. Бев најемотивен. Цел живот го чекав ова. Грашо ќе ни пее песна за првиот танц.  Емотивен сум за многу работи. Што да правиме, ми недостига татко ми, но животот продолжува, денес е свадбата, а утре ќе има ручек дома за роднините и пријателите – рече Лазиќ.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Се чувствувам убаво затоа што после толку години конечно се омажив за него. За мене тој не е пејачот Дарко Лазиќ, туку моето момче од пред 14 години. Јас сум со него цело време. Одамна вака ја замислував нашата свадба истакна Катарина.

 

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button