Реклама
CelebrityНаши ѕвезди

„Толку убав, толку млад“…Елена објави досега невидена фотографија со Влатко Илиевски! (фото)

Реклама

Пејачката Елена Ристеска се присети на својот другар Влатко Илиевски.

Фото: Фејсбук/Елена

Помина повеќе од една година откако сите бевме шокирани од прераната загуба на пејачот и актер Влатко Илиевски.Елена комуницираше преку пораки неколку часа пред да си замине на другиот свет нашиот познат пејач, разговарајќи за нова дуетска песна.

Маркетинг

„Ете така ќе си најдеш слика од времето сосема случајно и ќе те погоди како нож во гради кога ќе здогледаш кој е на сликата.Толку убав, толку млад,толку талентиран и оригинален.. и си викаш, до кога ќе губиме време на социјалниве мрежи да исправаме криви Дрини, кој-што рекол и направил, кој-каков бил.. До кога? До каде?Има ли крај?Од денес нов лист на книгава наречена-живот!“, напиша Елена на својот Фејсбук профил.

Влатко Илиевски е роден на 2 јули 1985 година во Скопје. На музичката сцена беше активен од 2000 година. Свирел гитара во локални скопски бендови, членувал во бендот „Мејд ин Маседониа“, а потоа стана познат како вокал на групата „Морал“.Во 2011 година Илиевски  ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Дизелдорф со песната „Русинка“.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button