Реклама
LIFESTYLE

ТАТИНО ДЕВОЈЧЕ – ќерката на Борис Трајковски објави нивна ДОСЕГА НЕВИДЕНА фотографија

Реклама

По повод годишнината од згаснувањето на животот на некогашниот претседател на Македонија, неговата ќерка сподели досега невидена фотографија со него.

ФОТО: Инстаграм / Сара Трајковска

Борис Трајковски, животот го загуби на 26 февруари 2004 година во авионска несреќа на патот кон економска конференција во Мостар, Босна и Херцеговина.

Авионот во кој и тој се возеше се урна во густа магла и пороен дожд на планината во југоисточна Херцеговина, во близина на селата Поплат и Врсник на околу осум милји (15 км) југо-југоисточно од Мостар.

ФОТО: Принтскрин

Точната причина за страшната несреќа до ден денес не е позната, но се чини веројатно дека тоа е резултат на контролиран лет на терен, евентуално влошен од наводни грешки направени од контролорите на воздушниот сообраќај на ССБХ на Меѓународниот аеродром Мостар Ортијеш.

Маркетинг

Граѓаните за него имаат да кажат само пофални зборови и до ддн денес се опишува како најдобриот претседател на Македонија.

ФОТО: Принтскрин

За него велст дека бил „народен човек“, искрен и непосреден, го паметат по приврзаноста кон неговиот струмички дијалект, по „иминиите“ одноно обувките кои му ги изработуваа по нарачка заради големиот број (47), но најмногу по заложбите за заедништво и разбирање меѓу луѓето.

Неговото заминување од овој свет се разбира најмногу влијаеше врз неговото семејство.

ФОТО: Инстаграм / Сара Трајковска

Иако имат бенефити и по неговото заминување, сепак ништо материјално не може да го надомести неговото отсуство.

Маркетинг

Тој и неговата сопруга Вилма Трајковска важеа за складен пар и пример за отменост и елеганција.

ФОТО: Влада на РСМ

Плод на нивната љубов се нивните две ддца Сара и Стефан.

Вилма и децата целосно се повлекоа од јавност по неговото заминување од овој свет.

Скоро никогаш по неговото заминување јавно не се огласија, ниту пак сакаа некаква медиумска експонираност.

ФОТО: Влада на РСМ

Сара е карисник на социјалните мрежи, преку кои можеме да видиме каде е и што прави.

Сара повеќе не живее во Македонија. Таа се пресели во Њујорк кој веќе ѝ стана втор дом.

Студии заврши на еден од најпрестижните Универзитети.

ФОТО: Инстаграм / Сара Трајковска

Она што може да се забележи од фотографиите е тоа дека Сара неверојатно многу потсетува на нејзината мајка. Се чини дека убавината ја наследила од неа, но отменоста, умереноста, силниот карактер ѝ борбеноста ѝ се наследени од нејзиниот татко.

По повод годишнината од cmpттa на нејзиниот татко Сара одлучи да сподели нивна досега невидена фотографија.

ФОТО: Инстаграм / Сара Трајковска

На неа таа е во прегратките на својот татко, кој со љубов гледа во неа.

Фотографијата ги воодушеви сите.

Погледнете:

ФОТО: Инстаграм / Сара Трајковска

ФОТО: Инстаграм / Сара Трајковска

ФОТО: Инстаграм / Сара Трајковска

ФОТО: Инстаграм / Сара Трајковска

ФОТО: Инстаграм / Сара Трајковска

ФОТО: Инстаграм / Сара Трајковска

ФОТО: Инстаграм / Сара Трајковска

ФОТО: Инстаграм / Сара Трајковска

ФОТО: Инстаграм / Сара Трајковска

ФОТО: Инстаграм / Сара Трајковска

ФОТО: Инстаграм / Сара Трајковска

ФОТО: Инстаграм / Сара Трајковска

ФОТО: Инстаграм / Сара Трајковска

ФОТО: Инстаграм / Сара Трајковска

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button