Реклама
Стил

Тамара Тодевска се преполови и сега и „закопчана до грло“ изгледа брутално – го покажа и својот рамен стомак

Пејачката ја покажа и тетоважата со нашите народни херои

Реклама

Тамара Тодевска во фустан во кој блескаше

Познатата пејачка Тамара Тодевска покажа уште едно модно издание кое може да им биде инспирација на многу дами.

Таа овој пат избра долг тесен фустан во светла беж нијанса во кој изгледаше како вистинска модна икона.

Маркетинг

Фустанот и покрај тоа што е „затворен“ и со долги ракави, во преден план ги истакна нејзините женствени линии и раскошните облини.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Пејачката фустанот го носеше во комбинација со големи златни обетки и екстравагантни сандали со тенки штикли.

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Покрај тоа што изгледаше преубаво во него, Тамара во ова издание зрачеше со посебна енергија и никого не остави рамнодушен.

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Инаку, покрај ова неверојатно елегантно издание, Тамара објави и неколку сториња на кои е во далеку поопуштена варијанта.

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Таа позираше во црн „кроп топ“ и фармерки, а покрај голиот стомак во преден план беа и нејзините бројни тетоважи.

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Една од нив е и онаа со стиховите од нашата химна, односно со имињата на нашите херои, заради кои Тамара во минатото се најде во поприлично непријатна ситуација.

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Имено, многумина се уште и замеруваат што на една прослава во Амбасадата на САД, Тамара на својот настап испушти неколку стихови од нашата химна. Пејачката потоа се извини на публиката и објасни дека тоа го направила ненамерно, а потоа реши и да ги истетовира овие стихови на своето тело и да покаже колку тоа и значи во животот.

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button