Реклама
Наши ѕвезди

Сузана Турунџиева со ЕМОТИВНА ПОРАКА: „И уште сто пати да се родам, повторно ќе те сакам тебе“

Реклама

Таа е жената која има неколку професии и во сите одлично се снаоѓа.

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

Пејачка, водителка, професорка по музичко и писателка. Тоа е Сузана Турунџиева.

И покрај се грижлива мајка на две прекрасни девојчиња Лора и Матаеа, а од неодамна и баба на малиот Јаков. За него Турунџиева вели дека е единствениот маж кој ѝ го заробил срцето: „Тој ме има „купено“ за цел живот. Неговата насмевка, прегратка, особено неговиот мирис, се најголемиот подарок за мене“, вели гордата баба.

Маркетинг
ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

Лора ја доби во бракот со пливачот Александар Маленко, а Матеа во бракот со Маријан Јовановиќ, познат скопски угостител, кој почина пред неколку години.

Двете ќерки се нејзината најголема причина за живот и борба. И покрај многуте тешкотии и сопки кои животот ѝ ги задал, водителката секогаш се крева како феникс од пепелта, а насмевката е нејзин заштитен знак.

Маркетинг
ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

За односот меѓу Лора и нејзиниот татко Маленко секогаш се зборувало во јавноста, особено по нејзиното огласување на оцијалните мрежи.

Таа му го „честиташе“ роденденот на својот татко, пливачот Александар Маленко и им се обрати на „сите татковци кои ги оттурнале своите деца, ги повредиле, ги заборавиле и едноставно им нанеле болка во нивната душа“.

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

„Јас, освен на спомени врзани за мојата мајка и баба, немам со што да се сеќавам на тебе… Ти, иако си постоел неколку години во мојот живот, исто како и никогаш да не си постоел… Не си оставил ниеден убав спомен во моето срце… Немам ниедна ситуација, на која можам да се сетам дека јас некогаш, во моето најрано детство живеев со татко… дека сум родена во брак.

Не се сеќавам ниту на тоа што си работел, по што те препознавале луѓето… Мислам дека си пливал, во вода… НО КАКО РОДИТЕЛ, НИКОГАШ НЕ НАУЧИ ДА „ПЛИВАШ““… Тука се „удави“, и тоа во плиткото!!!“, гласи еден дел од статусот на Лора.

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

Тие никогаш не се зближиле доволно и токму поради тоа Маленко не би ни поканет на свадбата на Лора и Филип.
„Маленко не беше поканет, затоа што Лора одлучи така. Воопшто не беше ни предмет на дискусија. Не комуницираме. Кога ќе видиш дека некој човек не е дораснат за улогата на родител едноставно немаш ни зошто да комуницираш“, изјави Сузе тогаш.

Таа истакна дека заедно со нив среќата и љубовта ја славеле уште 140 готи.
имало околу 140 гости.

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

„Покрај шестчлениот бенд за атмосферата беше задолжен Сефедин Бајрамов, мој многу добар пријател и колега со кого заедно настапував, кумата на Лора – Олгица Христовска, сега Кошутиќ, а зетот Филип и неговите браќа, внукот Бојан и зетот Сашо од Битола заедно пееја“, изјави Сузе.

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

Пред неколку дена во домот на водителката имаше ноа причина за славење. Повод за тоа беше роденденот на Лора.
Гордата мајка сподели фотографии од ќерката од најрана возрат, па се досега.

Освен тоа Сузе посвети и емотивна порака на својата ќерка со која трогна многумина.

„2ри март е првиот најсреќен ден во мојот живот… Денот кога ја добив Лора – мојата прва љубов.

Среќен роденден убавице моја… И уште сто пати да се родам, повторно ќе сакам тебе да те имам,“ напиша Сузана за роденденот на Лора.

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

Водителката е често активна на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии од нејзините ќерки и внукот. Актуелна во последниов период е и со дружбата со хероината од документарниот филм „Медена земја“, Атиџе Муратова.

Сузе уште еднаш ја покажа својата хуманост и со сите сили се трудеше да ѝ овозможи достоен живот на Атиџе, која за жал по спласнувањето на фамата околу филмот, остана подзаборавена од државата.

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

Сузе на социјалните мрежи соопшти дека домот на најпознатата пчеларка конечно е изреновиран и се заблагодари на сите хумани луѓе кои помогнале во реазлизирање на замисленото.

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

Она што мора да се забележи и потенцира е тоа што водителката изглеа неверојатно добро за свои години.
На нејзиното тело може да позавидат и помладите колешки. Времето како да запрело за Турунџиева, таа од ден во ден изгледа сѐ поубаво.
Во продолжение погледнете нејзини фотографии:

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

 

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

 

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

 

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

 

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

 

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

 

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

 

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

 

ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук
ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук
ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук
ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук
ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук
ФОТО: Сузана Турунџиева / Фејсбук

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button