Реклама
Наши ѕвезди

Стојне Николова не можеше да го сопре солзите заради починатиот татко – пејачката си ја отвори душата

Пејачката се расплака сред емисија, зборуваше искрено за својата најголема болка

Реклама

Познатата пејачка со емоции зборуваше за оваа тема

Познатата фолк-пејачка Стојне Николова одвај издржа да не заплаче пред камерите кога се присети на својот починат татко.

Имено, пејачката на свои 16 години останала без својот татко кој и бил најголема потпора во нејзиниот живот.

Маркетинг

Како што самата вели во интервјуто кај Лазаров кое го водеше новинарот Зоки Василевски, тој правел сé како за неа, како и за нејзините браќа, па неговото прерано заминување се уште не може да го преболи.

Маркетинг
Принтскрин/ Јутјуб, Лазаров

„Тоа ми е тешка и болна тема. Навистина тешка тема за мене и одамна немам зборено за ова вака јавно. Татко му беше најбитниот човек во мојот живот, Мојот идол. Човекот што живееше за мене, за моите браќа. Бевме едно многу среќно семејство, одговори пејачката, но во тој момент застана и одвај се воздржа да не заплаче, што може да се види и во подкастот.

„Едноставно беше многу среќен што јас влагам во водите на музиката бидејќи знаеше дека јас тоа многу го сакам. И сета таа приказна започна супер, имав многу -многу голема поддршка, и од татко му, и од мајка ми и од останатите членови на фамилијата.“

Принтскрин/ Јутјуб, Лазаров

„Но потоа се случи една неубава работа – на мајка ми и дијагностицираа рак на дојка. Но таа е една многу борбена жена, жена лавица. Се избори, здрава е и жива. Таа е жената која што не израсна, ни го трасираше патот и е со нас“, вели Стојне, па продолжи за најболниот момент во нејзиниот живот, денот кога останала без својот татко.

Како што самата откри, по операцијата на нејзината мајка и нејзиното оздравување, нејзиниот тако кој цело време тагувал и на кого не му било сеедно што неговата сопруга и мајка на неговите деца поминува низ сето тоа, очигледно се здобил со последици од сето тоа. Еден ден, кога требало да ја носи на настап, се вратиле дома, кажал дека му е лошо и паднал пред нив, во креветот.

Фото: Инстаграм

Стојне со својот брат

„И толку беше. Едноставно го однесовме во болница, но таму ништо не можеше да се направи. Мозочен удар, како гром од ведро него. Беше многу млад. Почина на 40 години и тоа дефинитивно не скрши сите нас, и тоа баш во најубавиот период кога јас го подготвував првиот албум, кој тој за жал не го доживеа“, изјави пејачката.

Целото емотивно интервју во кое Стојне ги евоцира сеќавањата на својот починат татко, погледнете го во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button