Реклама
Celebrity

Со најпопуларниот кошаркар, Никола ЈОКИЌ, на БУРЕК- желбата на 80 -годишниот дедо Стеван од Сомбор

Го буди цел град за да гледаат натпревар кога игра, нивниот сограѓанин, најславниот кошаркар на светот, златната 15

Реклама

Многу непроспани ноќи за дедо Стеван Шегрт од Сомбор. Тој има 80 години и е еден од настрасните навивачи за тимот од Колорадо, „Денвер Нагетс“, поточно за моментално најпоуларниот кошаркар  Никола Јокиќ  кој потекнува од Сомбор, а игра за овој тим.

фото/Фејсбук

Телеграф.рс  во интервју со симпатичниот дедо открива за јавноста дека тој го станува цел град на нозе кога игра златната 15, популарниот  Јокиќ. Облечен во маица со легендарниот кошаркар го пречекал тимот новинари подготвен за ова интервју, да си ја отвори душата и да ја раскаже сета љубов кон  високото момче што ја прослави Србија низ светот.

фото/Принтскрин Телеграф.рс

За него тој е скромно малдо момче, кое не гледа низ призма на пари туку ја сака кошарката со целата душа.

Маркетинг

Дедо Стеван имал среќа да го сретне во живо Јокиќ минатата година.

фото/Фејсбук

– Тој е храна за душата и телото, исто како и Ѓоковиќ. Го пратам светскиот спорт. Никола го знам многу одамна, а минатата година кога беше овде во Сомбор случајно се сретнавме во продавница. Имаше малку време, па поразговаравме. Првично, како негов голем обожавател го замолив за едно „селфи“. Тој со неговата долга рака го чкрапна телефонот, раскажува со радост во очите дедо Стеван.

Маркетинг
фото/Фејсбук

Вели, го гледам така пред мене, висок до плафон.

– Му велам, Никола ти си змеј!Тоа го изненади затоа што, нели сите  го нарекуваат Џокер. Ме праша, а дали анвистина така мислиш, јас му потврдив. Ми делуваше многу скромно и нормално. Кога гледам во него и во Ѓоковиќ не гледам пари туку човечка вредност, тоа е реткост. Тие се вистински луѓе, раскажува големиот фан.

фото/Принтскрин Твитер

Г-н  Шегрт ги има изгледано сите натпревари на „Денвер“.

фото/Фејсбук

Негова голема желба е следниот пат кога ќе се сретнат со Јокиќ, да го носи на бурек.

– Ако повторно го сретнам, ќе го повикам на бурек, да го частам. Тој сака бурек и јас исто. Ако повторно се сретнеме, но кој знае дали ќе има време. Потребно му е одмор и време со семејството, со коњите, со животните , скромно зборува дедо Стеван.

фото/Принтскрин Телеграф.рс
фото/Фејсбук
фото/Фејсбук
фото/Фејсбук
фото/Фејсбук
фото/Фејсбук
фото/Фејсбук

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button