Реклама
Наши ѕвезди

Сопругата на Гоце Тодоровски е ПРАВА ДАМА – кога ќе ја видите неговата ќерка ЌЕ СЕ ВООДУШЕВИТЕ

Реклама

Гоце Тодоровски сѐ уште е омилениот лик од Македонските народни приказна, заедно со Ѓорѓи Колозов, Ванчо Петрушевски, Шенка Колозова и Лазар Бараков. Тие се се петте темели на Македонските народни приказни. Легенди кои никогаш нема да бидат заборавени од нас.

ФОТО: Принтскрин

Скоро и да не постои човек кој не ги памети старите Македонски народни приказни, чии главни улоги ги толкуваа овие легендарни актери. Приказните се следеа без трепкање, а сите чекавме со нетрпение да се емитуваат на малите екрани.

ФОТО: Принтскрин

Актерот Гоце Тодоровски е роден на 6. јули 1951 година во Кичево.

Маркетинг

По завршувањето на Факултетот за Драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ се вработува во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнува како мошне надарен и суптилен комичар. Покрај ангажманите во матичниот театар, тој е често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго.

ФОТО: Принтксирн

На сцената на матичниот театар но и како гостин на професионалните театарски сцени во нашата земја остварил голем број улоги, а останува запаметен по улогите Лука Лукиќ во „Ревозор“ од Гогољ, Докторот во „Веселата смрт“ од Евреинов, Цанде во „Солунски патрдии“ од М. Попоски, Пантагруел во „Пангуриј“ од Р. Богдановски, Царчето во „Чудото на Свети Ѓорѓија“ од Р. Богдановски, Леле мале во „Јадигар“ од В. Манчев, Питу во „Сара Бернар“ од Џ. Марел, Генералот во „Балконот“ од Ж. Жене, Ринго во „Чија си“ од С. Насев, Ќорле во „Кумови“ од К. Ангеловски, Кирца во „Викенд на мртовци“,Ангеле во „Лет во место“ од Г. Стефановски, Докторот во „Болва во уво“ и други.

Маркетинг
ФОТО: Принтскрин

На неговата последна претстава во Драмскиот театар пред неговото пензионирање беше испратен со громогласен 10 минутен аплауз.

ФОТО: Принтскрин

Со својот најдобар пријател Ванчо Петрушевски беа неразделни. Cмpтта на Петрушевски освен на неговото семејство, најтешко му падна и на Тодоровски, со кој заедно го поминуваа секој момент.

„Повеќе бев со Ванчо, отколку со самиот себе“ , изјави актерот Гоце Тодоровски за својот колега и пријател Ванчо Петрушевски, на неговата комеморација во Драмскиот театар во Скопје.

ФОТО: Принтскрин

Петрушевски пooчина во неговата викендичка во Орешани, од струeн удaр. Низ солзи, Гоце Тодровски раскажа оти викендичката во Орешани била омиленото место на Ванчо, а Тодоровски од тага веќе никогаш нема да стапне таму.

Актерот не е воопшто активен на социјалните мрежи и многу малку се знае за неговата приватност. Скоро никогаш и во своите интервјуа не зборува за приватните работи.

Она што ѝ е познато на јавноста е тоа дека е долги години во брак со својата сопруга Тања Тодорвска со која има син и ќерка.

За жал, ниту едно од децата не трнува по неговиот пат и не се занимаваат о глума.

Сашенка Тодорвска, неговата ќерка е доста активна на социјалните мрежи, па преку неа фановите на нејзиниот татко, можат да видат и дознаат што се случува во нивното семејство. Она што може да се забележи од фотографиите е дека целото семејство е исклучително блиско и постојано се заедно.

ФОТО: Сашенка Т. Спасовска

Сашенка се има посветено на дизајнот и не тргнува по стапките на својот татко, но често на социјалните мрежи споделува фотографии на кои позира со него. И Сашенка и синот на Гоце веќе имаат оформено свои семејства и понатаму живеат подалеку од очите на јавноста. Погледнете некои од нивните фотографии објавени на социјалите мрежи:

ФОТО: Сашенка Т. Спасовска
ФОТО: Сашенка Т. Спасовска
ФОТО: Сашенка Т. Спасовска
ФОТО: Сашенка Т. Спасовска
ФОТО: Сашенка Т. Спасовска
ФОТО: Сашенка Т. Спасовска
ФОТО: Сашенка Т. Спасовска
ФОТО: Сашенка Т. Спасовска
ФОТО: Сашенка Т. Спасовска
ФОТО: Сашенка Т. Спасовска
ФОТО: Сашенка Т. Спасовска
ФОТО: Сашенка Т. Спасовска
ФОТО: Сашенка Т. Спасовска
ФОТО: Сашенка Т. Спасовска
ФОТО: Сашенка Т. Спасовска
ФОТО: Сашенка Т. Спасовска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button