Реклама
Uncategorized

Славната актерка доживеа страшна повреда, овој спорт може да биде и многу опасен

Реклама

Актерката Мишел Фајфер предизвика загриженост кај своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм објавувајќи серија фотографии на кои се гледа огромна грутка под нејзиното око.

Фајфер откри дека повредата ја заработила играјќи пиклбол, а во описот на фотографиите ги предупреди своите следбеници да внимаваат кога се занимаваат со овој спорт.

На една од фотографиите актерката држи мраз за да го ублажи отокот, додека на другите се гледа сино и отечено око.

Маркетинг

По објавувањето на фотографиите, веднаш следеа коментари од загрижените следбеници, како и поддршка од колегите од светот на забавата. Џулиен Мур го изрази своето мислење дека токму поради можни вакви несреќи не игра пиклбол, додека Селма Блер и посака на Мишел брзо закрепнување. Интересно е што актерката продолжила да се занимава со овој спорт и со повредата која во коментарите ја открила сестрата на Мишел.

Маркетинг


Фото: Јутјуб

На пример, пиклболот е еден вид мини-тенис со мали дрвени рекети и топче со малку поголеми димензии и различен материјал од оној што се користи во тенисот. Овој спорт предизвикува големо внимание кај љубителите на рекреативните спортови, но и повремени повреди, како што е случајот со Мишел Фајфер.


Фајфер е родена во Санта Ана, Калифорнија, втора од четирите деца на Ричард Фајфер, трговец со клима-уреди и Дона Таверна, домаќинка. Таа има еден постар брат, Рик (роден 1955 г.) и две помали сестри, Диди Фајфер, која е исто така глумица, и Лори Фајфер (родена 1965 г.). По татко и таа има германско, а по мајка и швајцарско и шведско потекло.

Фото: Википедија

Првобитно, нејзините родители живееле во Јужна Дакота, но подоцна, целото семејство се преселило во Мидвеј Сити, каде Фајфер го поминала нејзиното детство. Таа учела во средното училиште Фаунтин Вали, и го завршила во 1975 година. Работела во супермаркетот Вонс, а студирала на универзитетот Голден Вест. По краток престој на обука за судски стенограф, таа се одлучила за глумечка кариера.

Победила на натпреварот за Мис на округот Оринџ во 1978 година, а потоа, истата година учествувала на натпреварот за Мис Калифорнија, на кој освоила шесто место. Потоа, таа најмила агент и започнала да посетува аудиции за филмови.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button