Реклама
CelebrityTV

Се породи познатата пејачка од “Ѕвездите на Гранд”: Ја криеше бременоста а сега го покажа бебето и посвети емотивна порака

Ужива во мајчинството...

Реклама

Јавност ја памети Ана Барешиќ како учесничка на „Ѕвездите на Гранд“, која испеа неколку големи хитови.

фото инстаграм/Ана Барешиќ

Во музичкото шоу се појави во 2013 година, како слаткото девојче кое освои голем број симпатии во јавноста, по што продолжи да гради кариера на свој пат далеку од скандали.

Маркетинг

фото инстаграм/Ана Барешиќ

Поради автентичната боја на гласот, многумина ја споредија со Цеца Ражнатовиќ, а се прослави со хитовите „Кафански факултет“, „Лоша емоција“, „Тетоважа“ како и коверот на песната „Две музики“.

Маркетинг

фото инстаграм/Ана Барешиќ

Но потоа Ана Барешиќ целосно се повлече од јавноста и од социјалните мрежи, а по лекарскиот скандал целосно ја шокираше јавноста со најубавата вест.

фото инстаграм/Ана Барешиќ

Имено, пејачката со месеци ја криела бременоста а само два месеци по раѓањето на синот решила својата радост да ја сподели со јавноста.

фото инстаграм/Ана Барешиќ

Таа објави слика од своето момченце и сподели емотивна порака која ги збуни нејзините следбеници.

фото инстаграм/Ана Барешиќ

– Твојата насмевка е најскапоценото нешто на светот! Срце мое, ќе те научам да сакаш, да стоиш, да чекориш! Да внимаваш што јадеш и да носиш капа преку уши во зима! Да играш, да пишуваш, да врзуваш врвки од чевли… Ќе те потсетам на тажни сцени од цртани и ќе ти кажам да гледаш до крај, бидејќи на крајот на се секогаш има почеток на голема среќа! Мило мое… ќе те научам да даваш несебично, од се срце, само да шириш љубов, бидејќи тоа ќе биде богатството на твојата душа! Те сака мама најмногу – напишала Ана, додека доби изобилство коментари со честитки и убави желби за новата улога во нејзиниот живот.

фото инстаграм/Ана Барешиќ

фото инстаграм/Ана Барешиќ

фото инстаграм/Ана Барешиќ

фото инстаграм/Ана Барешиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button