Реклама
Кафе муабет

Се ожени поранешниот на Анастасија Ражнатовиќ: Погледнете каква убавица е невестата- го открија и полот на бебето!

Ѓорѓе Кулиќ го кажа судбоносното "ДА"

Реклама

Поранешниот на Анастасија Ражнатовиќ, младиот бизнисмен Ѓорѓе Куљиќ се ожени со својата избраничка Мила Радојевиќ.

фото инстаграм/Ѓорѓе Куљиќ

Парот го кажа судбоносното ДА,  а иако сакаа најубавиот ден да го поминат во апсолутна тајност сепак во српските медиуми испливаа фотографии од церемонијата.

фото принтскрин/инстаграм

Ѓорѓе и Мила решија да направат интимна прослава на која присуствуваа одбрани луѓе, само најблиските на овој пар.

Маркетинг

Својата љубов ја прославија со кумовите, а невестата блесна во едноставна сатенска венчаница со прекрасна машна околу трудничкиот стомак.

фото принтскрин/инстаграм

Ѓорѓе и Мила решија да направат скромна прослава а ветија дека ќе се поддржуваат до крајот на животот, како и дека целото внимание ќе го насочат кон воспитувањето на нивната ќерка, а фотографијата од прославата ја објави гордиот татко на невестата.

Маркетинг
фото принтскрин/инстаграм

Да потсетиме, Мила Радојевиќ е во блажена состојба, а оваа убава вест парот ја сподели на социјалните мрежи пред неполн месец.

фото инстаграм/Боба Радојевиќ

Прегрнати и пресреќни Ѓорѓе и Мила позираа на луксузна јахта каде на спектакуларен начин дознаа дека наскоро во нивниот дом ќе пристигне мало девојче, а убавата вест ја споделија на „Инстаграм“.

фото инстаграм/Мила Радојевиќ

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button