Реклама
Вирално

Се крчкаат нови правила на грчките плажи: Влез во море еден по еден, растојание меѓу лежалките, коронатест пред влез во земјата

Реклама

Иако е почеток на мај и период кога, според временските услови, веќе тргнуваат првите евтини тури во пресезона во Грција, годинава поради коронавирусот летувањето во Грција изгледа ќе изостане дури и во јуни.

grcija odmor1Туристичките работници сметаат дека е рано да се зборува за тоа кога првите туристи ќе можат да ги посетуваат летувалиштата во регионот. Најави има, но ништо конкретно не е направено и се зависи од моменталната ситуација.

Грција, која е една од омилените дестинации за летување, најави дека воведува нови правила за на плажа, кои радикално го менуваат однесувањето на кое туристите навикнале. Официјални лица во државата тврдат дека пливањето претставува помал ризик и важно е да се води сметка за мерките за заштита во вода и надвор од вода.

Маркетинг

Сосема е можно, како што пренесоа грчките медиуми да се воведе поединечно влегување во море, чисење на лежалките по заминувањето на капачите и дистанца на плажа.

Исто така, познато е дека само на туристите од одредени ќе им биде дозволен влез во земјата, а постои и можност пред влез и излез од Грција тестирањето од коронавирус да биде задолжително, но нема потврда за таквата процедура.

Маркетинг

„Најдоброто сценарио е Грција, за туризмот, да отвори на први јули и работиме во таа насока, се подготвуваме за тоа, но секако тоа е поврзано и авионските компании, бидејќи повеќето луѓе доаѓаат авионски во Грција, но поврзано е и со строги и применливи протоколи“, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за Си Ен.

Според премиерот Мицотакис Грција ќе може да прими туристи, само ако постои договор за конкретни протоколи, за кои изразува надеж дека ќе бидат на европско ниво, односно дека под претпоставката дека туристите ќе направат молекуларен тест или тест за антитела пред полетувањето.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button