Реклама
CelebrityНовости

Се криев бидејќи луѓето ми се потсмеваа: Ивона по 4 години облече костим за капење и испрати мoќнa поpaка

Реклама

Младата кумановка Ивона Јовановиќ која на јавноста и е позната по учеството во „Ѕвездите на Гранд“  има многу следбеници на социјалните мрежи.

Таа по четири години  за првпат објави фотографии на кои е во костим за капење. И напиша:

https://www.instagram.com/p/BztUo9FH3h7/

Маркетинг

„Денешниот ден ми беше толку многу битен. Зошто? Затоа што после 4 години носам костим за капење и тоа јавно. Проблемот сум си го наметнала самата јас. Мислев дека во костим не можам да се појавам затоа што моето тело не е спремно за лето и за јавност.Се криев и не излегував во текот на летото на базени, одмори затоа што во средношколските денови добивав погрдни зборови од околината кога ќе се соблечев така во бикини. Балканот ни сервира како нормални да бидеме дефинитивно. Мене ми сервираше до денес. Од денес па натака ќе го ослободам умот од тие предрасуди. Мислите што сакате. Дури и денес на базен добив неколку погрдни зборови, зад грб секако. Некои од вас и ме сликаа на базенот но ако. Истите слики од денес може да ги ставите на позадина на телефон. Затоа што од денес гордо ќе чекорам и одам во костим.Секое тело заслужува шанса и прилика да ужива.Моето тело ме служи цел живот и вечно ќе сум му благодарна. А можам и да му се извинам што воопшто сум помислила дека не е совршено.Секоја несовршеност на него денес ја засакав.Се извинувам на моето тело. A на вас кои ќе ја споделите сликата и ќе прокоментирате како групата на примитивни луѓе денес на базен можам само да ви посакам љубов. Да го засакате вашето тело и ум половина колку што јас си го сакам ќе ви биде доволно и ќе сте исполнети“, напиша таа на својот Инстаграм профил.

https://www.instagram.com/p/Bzn80bmnH0F/

Поврзано

Back to top button