Реклама
Наши ѕвезди

Секогаш за „Подобар живот“: Првпат се омажи на 21 година, за 8 години постар маж, му роди ќерка па потоа побегна за да живее со друг – женет

Реклама

Познатата српска актерка Светлана Цеца Бојковиќ имаше филмски бракови, а исто така нејзиниот живот е полн со неверојатни љубовни приказни, емоции и разделби.

Животот на Цеца го одбележаа три големи љубови од кои се откажувала кога ќе снемало магија, а се впуштала во нив и покрај општествените норми. Нејзиниот прв сопруг почина во 1993 година, а со другиот Муци, беше се до неговата смрт во 2004 година. Во 2011 година по трет пат се омажи, за дипломатот Славко Круљевиќ.

Маркетинг

Првиот сопруг Милош Жутиќ го запозна додека се подготвувал за Академија.

Маркетинг

„При движењето во таа насока се ми случуваше побрзо од вообичаеното. Две години после уписот на Академија, бев уште како студент, по одлука на Бојан Ступица, ме примија за постојан член на ансамблот на Југословенскиот драмски театар. И таа 1968 играв во седум премиери, а имав и осма, лична: се омажив за актерот Милош Жутиќ. Потоа во 1970 година дипломирав, а многу брзо кон крајот на 1972 година на свет ја донесов на свет Катарина, мојата Каја“, изјави Светлана Бојковиќ во едно интервју и објасни дека имала проблем со бременоста.

„Многу сакав да родам, а имав, пред тоа имав проблем со бременоста. Затоа оваа бременост ја прифатив како дар од Бога. Бев многу среќна. Во текот на оваа бременост имав само позитивни мисли. А породувањето го доживеав како космичко доживување. Зошто не постои, ништо на овој свет што може да се спореди со моментот кога го слушнав првиот плач на мојата Каја“, рече таа.

– Својот прв сопруг Милош го запознала кога станала член на театарот Дадов, и за него се омажив во третата година од студиите. Во 1972 година ми се роди ќерката Катарина, рече Бојковиќ.

-Се омажив кога имав 21 година, а Милош 8 години повеќе. Бевме недозреани за брак. И дојде до ерозија на нашата заедница, но не и на нашиот човечки однос. Тој наш човечки однос не изостана до крајот на неговиот живот, до 1993, до неговата 54 година, и покрај фактот што двајцата бевме во нови бракови. Јас со режисерот Љубомир Муци Даршиќ, а тој со актерката Огњанка Огњановиќ со која го доби синот Ѓорѓе. А и ние двете бевме и останавме многу блиски. Милош го совлада најтешката болест – рече таа.

Дека љубовта не знае за граници, потврди и самата Бојковиќ.

– Моите бракови се преклопија во осумдесетите години. Во заедница со Муци влегов пред разводот Милош. Мојата и љубовта на Муци беше посилна од сите правни норми, а официјално се венчавме дури во 1990 година. Зошто и тој, од својот прв брак излезе на ист начин како и јас од својот – рече претходно за Политика.

„Тој до крајот на деведесттите почна да тоне во некој вид депресија, а вистинскиот израз е откажување од животот. Никогаш пред тоа не сакаше да оди на лекар. После бомбардирањето другарите го однесоа во болницата „Свети Сава“ и тогаш му е контатиран проблем со крвните садови. Почина во 2004 година од срцев удар во 67. година.

Третиот сопруг, сегашниот Славко го запознала на вечера кај заеднички пријатели.

– Пријателите на Славко кои мене ме познаваа ме повикаа на вечера. Тој тогаш беше во Њујорк четири години, каде ја вршеше функцијата заменик шеф на Мисијата на Србија при ОН. Кога се врати, нашите пријатели ја организираа вечерата на која се запознавме. Потоа продолжија да прават вечери за подобро да се запознаеме и тоа траеше два месеци, односно се додека на крајот не отидовме сами на ручек, изјави Цеца во една прилика.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button