Реклама
BEAUTYДиети

Сега изгледа совршено: Со кето диета оваа девојка изгуби 68 килограми

Реклама

Касандра Дени Олвера од Тексас е уште една од жените кои се бореа со тежината цел живот.

 

Маркетинг

Оваа 25-годишна девојка работи во болница, се обидела неколку пати во текот на животот да се стави на диета, но никогаш не успеала да издржи повеќе од еден месец. Но, по посетата на лекарот пред една година, таа одеднаш се мотивираше.

Кон средината на декември 2018 година, таа започна да доживува силни главоболки и остра болка во рамото и на крајот заврши во болница. За време на прегледот, и кажале дека таа никогаш не била во полоша форма со тежина од 145 килограми. Нејзиниот крвен притисок бил исклучително висок и медицинската сестра ја предупредувала дека треба да оди на медицинска диета како прашање на итност и да започне да губи тежина под медицински надзор затоа што нејзиниот живот бил во опасност. Но, бидејќи Касандра не беше подготвена за жртвување, истиот ден излезе од болницата и отиде дома.

Маркетинг

Само неколку недели подоцна, откако разговараше со нејзиниот сопруг, таа сфати дека нејзината желба за промена во животниот стил мора да биде мотивирана и искрена, и одлучи да оди на диета. На почетокот, тие дури направија седмични менија заедно.

Бидејќи нејзините навики за јадење биле, според нејзините зборови, страшни, не сакала да се посвети на специјална диета, туку започнала полека и напредувала со оброк. Од диетата прво тргна брза храна и шеќерни сокови и почна да се грижи за порциите што ги консумира. Само тоа и помогна да ги загуби првите килограми.

Преку целото истражување по околу еден месец диети, таа наиде на кето диета и одлучи да се префрли целосно на тоа. Бидејќи диетата дозволува јајца, сирење, зеленчук и месо, а сето тоа е нејзина омилена храна, нејзината транзиција не беше тешка.

Денес таа трча околу 15 километри неделно, обично околу пет километри секој втор ден. Кога не трча, вежба со тегови во теретана. Поради овие вежби, таа започна полека да инкорпорира јаглени хидрати во својата диета, но вели дека има сосема поинаков став кон храната.

Иако денес има уште многу денови кога таа не се чувствува подготвена и мотивирана да тренира, Касандра успеа да изгуби 68 килограми со новиот пристап кон нејзиното здравје за нешто повеќе од една и пол година.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button