Реклама
Вирално

Русите најавија уште една вакцина против коронавирусот со која го шокираа светот: Западот сака да им ги украде големите научници

Реклама

Русија почна да прави вакцина против коронавирус која ќе ги штити животните, првенствено куните и мачките. Москва на овој начин сака да ги зачува огромоните фарми за крзно, објавува Дејли мејл.

Лекот против ковид-19 за животните ќе биде тестиран есенва. Овој потег на Русија донекаде е очекуван зошто оваа земја има околу 100 фарми за крзно, специјализирани за одгледување на куни.

Маркетинг

„Работиме на создавање на вакцини за животни против коронавирус“, рече шефот на руската служба надлежна за земјоделство Роселкхознадзор, Сергеј Данкверт.
Тој додаде дека вакцината првенствено ќе биде наменета за куни, зошто тие многу брзо и неконтролирано го шират вирусот меѓу себе.

Пред два месеци холандските власти наредија убивање на 10.000 куни поради страв дека овие животни се преносители на коронавирусот и дека би можеле да покренат нов бран епидемија.

Маркетинг

„Луѓето ќе сакаат да ги вакцинираат и домашните миленичиња – на пример, мачките кои се заразија од коронавирус“, додаде Данкерт.

Водечките светски сили се натпреваруваат веќе со месеци да ја преземат водечката улога во глобалната трка за вакцината, што би придонело за победнички престиж и можност приоритет да му дадат на своето население, пред успешната вакција да ја стави на располагање на другите земји погодени од ковид-19 од кој според официјалните податоци се заболени околу 22 милиони луѓе ширум светот и досега има над 775.000 жртви.

Шефот на рускиот Институт за епидемиологија и микробиологија Гамалеј, професор Александар Гинтсбург, е клучен научник кој стои зад вакцината Спутник 5. која неодамна ја објави Владимир Путин, и рече во неколку интервјуа дека „љубоморниот“ Запад се обидува да „ги откупи“ врвните експерти во неговиот тим.

„Било кој американски или европски универзитет може само да сонува да има вакви истражувачи. Тие се обидуваат да ги намамат, но тоа нема да им успее“, рече Гинтсбург.

Инаку, Русија стана прва држава која издаде регулаторно одобрение за вакцината против ковид-19 и планира да покрене програма за масовна имунизација во октомври. Најавувајќи ја веста во текот на видео телеконференција со својот кабинет на 11 август, рускиот претседател Владимир Путин рече дека една од неговите ќерки ја примила вакцината без сериозни нус ефекти.

Вакцината е наречена Спутник 5, по првиот сателит на светот.

Еве кои се и како изгледаат ќерките на Владимир Путин – една од нив прими вакцина за корона

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button