Реклама
Вирално

Еве кои се и како изгледаат ќерките на Владимир Путин – една од нив прими вакцина за корона

Реклама

Познато е дека Путин од првиот брак со Људмила, со која беше 30 години, доби ќерките Марија и Катерина.

Марија е родена во 1985 година, во Ленинград (денешен Санкт Петерсбург), а Катерина година дена подоцна во Германија, каде Путин работеше за КГБ, пишува „Business Insider“.

Маркетинг

Људмила во една прилика изјави дека Путин ги разгалил своите ќерки и дека таа е онаа што мора да биде строг родител.

Поранешната сопруга на Путин

Марија (33) заврши медицина. Таа денес живее во Москва со сопругот, и наводно има и дете.

Маркетинг

Катерина (31) е акробатска танчерка. Во 2013 година се омажи за милијардерот Кирил Шамалов, но се разделија на почетокот од оваа година.

Да потсетиме, претседателот на Русија, Владимир Путин, соопшти дека во Русија е регистрирана првата вакцина против корона вирусот. Како што пренесуваат руските медиуми, Путин изјави дека една негова ќерка е вакцинирана со оваа вакцина и се чувствува добро.

СЗО ја поздравува руската вакцина

Секоја безбедна и ефикасна вакцина е за општото добро

Светската организација ги поздравува сите достигнувања во областа на истражувањето и развојот на вакцината против вирусот корона. „Секоја безбедна и ефикасна вакцина ќе стане општо добро“, изјавија техничките експерти на Светската здравствена организација (СЗО).

„СЗО е свесна дека вакцината против Ковид 19 е регистрирана во Државниот регистар на лекови на Руската Федерација, како што беше објавено на 11 август. Организацијата ги поздравува сите достигнувања во областа на истражувањето и развојот на вакцината против вирусот корона и повикува на брз, фер и рамноправен пристап до сите вакцини како што е случајот и со руската вакцина низ целиот свет – посочуваат од организацијата.

Претходно, претставниците на СЗО објавија дека разговараат со Москва за можноста за проучување на деталите за тестирањето на вакцините и за спроведување на доквалификација на руската вакцина против вирусот корона, што ќе покаже колку таа ги исполнува меѓународните стандарди.

Да потсетиме, Министерството за здравство на Русија во вторникот ја регистрираше првата вакцина во светот за спречување на новата инфекција со новиот вирус корна Ковид 19, која ја изработи научниот институт „Гамалеја“ заедно со Рускиот фонд за директни инвестиции.

Вакцината се вика „Спутник V“.

Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко најави дека вакцината ќе се произведува на две места – во центарот „Гамалеја“ и во компанијата „Бинофарм“.

Претседателот на Русија Владимир Путин истакна дека вакцината ги поминала сите потребни тестови и формирала стабилен имунитет.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button