Реклама
Вирално

Река луѓе чекаат пред малата Нина (11) што продава крофнички и собира пари за болниот татко

Нина ќе продава крофни уште денес, а потоа патува со нејзиниот татко во Москва

Реклама

Малата Нина секој ден на плоштадот во Нови Сад од 17 до 19 часот стои покрај својата импровизирана тезга и продава крофни.

Таа на овој начин собира пати за лекување за нејзиниот татко Зоран, а граѓаните во редици чекаат да купат од нејзините вкусни крофни.

Деновиве целиот Балкан слушна за приказната за малото девојче од Нови Сад Нина Нинковиќ, која секојдневно продава крофнички на градскиот плоштад по цена од 100 динари (околу 50 денари) за да собере пари за лекување на својот болен татко.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Ненад Пагонис

На снимката што се појави на социјалните мрежи се гледа како редица со луѓе се притега низ целито плоштад, и сите стрпливо чекаат за да стигнат до својата крофна од малата Нина.

Фото: Приватна архива, РИНА

„Па јас прво мислев да продавам крофни за да имам за себе џепарлак, но потоа се сетив дека татко ми има проблем со окото и сакав и на него да му помогнам, па така почнав и нему да му помагам“, изјави малата Нина за РТВ.

Маркетинг
Фото: Принтскрин

Кога нејзината акција започна, речиси немаше никој што би купил крофни, а сега откако се прошири приказната, сите купуваат од неа.

Фото: Инстаграм/ 381.срб

Потсетуваме, таткото на Нина, Зоран Нинковиќ, пред седум години го изгуби видот заради аблација на мрежницата.

Кај него во март 2022 повторно се јавува аблација, па ситуацијата дури и дополнително му се влошува и му е загрозен животот.

Фото: Инстаграм/ 381.срб

Тој се лекува на клиника каде редовно добива системска терапија ,хемотерапија и имуносупресивни капки.

По година дена од појавата на фибринот заради кој на Зоран му се мати видот му се јавува и изразена фотофобија, а неговата состојба постојано се следи од докторите заради високите дози на хемотерапија.
Од овие причини на Зоран му е потребна помош за да може да замине на лекување во Москва.

Фото: Инстаграм/ 381.срб

Паричните средства се потребни и за понатамошна дијагностика, прегледи, анализи, набавка на лекови, лечење како во Србија, така и во странство, како и за патните трошоци и сместување.

Сакајќи да му помогне, малата Нина решила да продава крофни, а сите хумани луѓе што не се во можност да купат крофни, на нејзиниот татко можат да му помогнат со уплата на средства преку банка.

Фото: Инстаграм/ Ненад Пагонис

Ќе продава крофни само уште денес

Денес за ТВ Пинк српскиот министер Синиша Мали изјави дека државата ќе им помогне на Нина и нејзиното семејство.

Фото: Инстаграм/ Ненад Пагонис

По овие вести, за српскиот Телеграф се огласи Наташа Нинковиќ, мајката на Нина која им се заблагодари на сите за помошта.

Таа вели дека успеале да соберат пари за пат во Москва и дека доколку останат пари ќе ги споделат со фондацијата.

Фото: Инстаграм/ Ненад Пагонис

Што се однесува до нејзината ќерка, Наташа вели дека Нина уште денес ќе биде на старото место, за сите оние што не успеале да купат крофни.

„Кој сака, може да дојде“, вели Наташа, мајката на Нина.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button