Реклама
MAMAКафе муабет

Природни и искрени девојки: Вид кој изумира!

Реклама

Текстов го посветувам за оние кои во овој свет со изопачени вредности останаа исти и така станаа поинакви …

Тие не се смеат со затворена уста, тие се смејат гласно, затоа што искрената и природна насмевка нема цена.Тие не покажуваат среден прст, тие намигнуваат… а пораката останува иста.Тие не играат, тие танцуваат и тогаш не мешаат, туку се препуштаат на ритамот.Тие ги соблекуваат своите чевли и одат низ градот боси затоа што се среќни, а не затоа што се пијани.

Ако одлучат да се тетовираат тие тоа го прават од лични побуди, не за да бидат видени и упадливи. Не патат од комплекс на ниска вредност, не се срамат да кажат што чувствуваат и што мислат. Тие не умеат да играат топло-ладно игри само за да освојат и задржат некој. Кога се среќни нивните очи го издаваат тоа, кога се тажни не ги бришат солзите со доза на срам.

Маркетинг

Нив ќе ги најдете на дневни кафиња со другарките. Во библиотеки. Излезени на прошетка. Во соседството, седејќи на клупа. На пазар. Тие работат на себе, на својот интелект и образование. Не им е гајле што е модерно, а што не. Се облекуваат онака како што сакаат, преферираат удобност и сексипилност, секогаш. Тие животот го даваат за оние кои ги сакаат. Кога ќе добијат “шлаканица” од близок на едниот образ тие го вртат и другиот.

Извор: Магија

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button