Реклама
Наши ѕвезди

Прва фотографија на Дарко Лазиќ по операцијата – избричена глава и раскопчана кошула. Фановите во шок како изгледа сега

Реклама

Пејачот објави фотографија по операцијата на желудникот

Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

Дарко Лазиќ често знае да го промени имиџот, па така долгата коса што ја носеше некое време сега драстично ја скрати.

Тој косата дури и ја избричи од страните, па сега изгледа потполно поинаку.

Маркетинг

Но покрај фризурата, Дарко ги изненади и своите следбеници со стајлингот кој значително се разликува од досегашниот.

Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

Кога фановите го видеа, веднаш почнаа да пристигаат лајкови и позитивни коментари од сите страни.

Маркетинг

Имено, тој носи кошула во живи бои, и тоа раскопчана, а во преден план му се тетоважите на градите.

Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

„Најголемиот господин на естрадата“, „Фаца“, „Фризурата ти е врв“ беа само некои од коментарите под фотографијата.

Некои од фановите дури воочија и дека ослабнал и дека стомакот му е помал.

Инаку, медиумите деновиве објавија дека Дарко решил да направи операција за стеснување на желудникот.

Инаку, српските медиуми објавија дека Дарко заради проблеми со вишокот килограми по сообраќајната несреќа решил да направи операција. Тој наводно го намалил желудникот, а операцијата што ја направил му бил единствениот начин да се спаси затоа што имал сериозни проблеми со колковите.

Операцијата на желудникот беше единствено решение за него. Ниту една диета не му помогна, а заради последиците од повредата не може да се занимава со спорт. Од друга страна сериозни му беше загрозени здравјето и заради зголемениот крвен притисок, па постоел ризик од инфаркт, изјави близок пријател на Дарко за весникот „Скандал“.

Операцијата помина без проблеми, а вториот ден по лапароскопската операција Дарко беше пуштен дома.

Како што пренесе српскиот Курир, Дарко на првата контрола бил расположен, насмеан и цело време разговарал со останатите пациенти.

За операцијата платил околу 150.000 денари.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button