Реклама
Наши ѕвезди

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ СО МЕТО ЈОВАНОВСКИ- Познатите со емотивни пораки за актерската легендa

Мето Јовановски ќе остане запаметен по многу остварени улоги и реплики.

Реклама

На 77 годишна возраст не напушти доајенот на македонското глумиште, актерот кој беше брилијантен на филмското платно, глумецот кој го одземеше здивот на публиката во театарот. Денеска веста за неговата смрт го одзеде одново здивот кај сите …

Мето Јовановски ќе остане запаметен по многу остварени улоги и реплики.

Маркетинг

Колегите, соработници и пријатели се збогуваат преку социјалните мрежи со емотивни и преубави зборови упатени за Јовановски.

Мето Јовановски се пресели во легендите.
Нека му е вечна слава. 🖤, напиша Дац.
Како гром од ведро небо ме удри веста за ненадејното заминување на драгиот и многу почитуван актер, колега и пријател Мето Јовановски. Единствен и неповторлив. Топол, едноставен и скромен во приватноста, а жив оган на сцената и филмското платно. Најголемиот меѓу големите. Најмаркантното и најреферентното актерско име на нашиот театар и филм. Бескрајно сум му благодарен за искреното пријателство кое го споделувавме, за неговите совети и препораки со кои растев и созревав како актер, но и за големата привилегија и чест да соработувам со него. Царство небесно за неговата прекрасна душа и вечна слава и сеќавање на неговото име, неговиот лик и неговите дела! 🖤
Отпатува големиот македонски актер, мој колега и пријател Мето Јовановски!
Горда сум што беше мој пријател уште од моите студенски години, на поминатото време и незаборавни дружби на филмските и театарски фестивали во тогашна Југославија!
Македонската публика ќе го памети неговото бравурозно толкување на Симон во “Диво месо” од Горан Стефановски!
Секоја негова улога беше филигран од актерство!
Македонија изгуби актерска величина!
Сочувство до семејството!
Слава му!
Почина Мето Јовановски. Си одат големите. Тивко, на прсти, нечујно и неважно. Почина најголемиот од сите. Беше бура, одеше одважно, гласен на сцена и во кадар, беше најважното нешто од светот на актерството и уметноста што сум можел да го запознам и да работам. Мајсторе, беше чест да се биде од твоето време.
Бог да прости. Вечнаја памја. , напиша режисерот Јани Бојаџи.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button