Реклама
Вирално

Поради лихварски долг извршители од Штип го исфрлија на улица со се малолетните деца и му го конфискуваа имотот

Реклама

Голема семејна трагедија се случи во Штип.

Поранешниот кандидат за градоначалник во Карбинци, Ристе Бањоглав, денес остана без покрив над главата. Тој пред три години земал заем од десет илјади евра за да направи фарма со 100-на кози, а како гаранција ја оставил под хипотека семејната куќа. Но како што објави штипската телевизија Стар, Бањоглав и покрај тоа што го вратил долгот кон лихварите, на врата му дошла извршителката на која наместо 600.000 денари и биле исплатени 920.000 денари, но таа наводно не им дала никаков извештај за увид во исплатата.

Маркетинг

Тој тврди дека е жртва на заговор од страна на извршителката и лихварите, бидејќи долгот го исплатил, и за него дополнително се задолжил.

Бањоглав во семејната куќа живееше заедно со мајка му, сопругата и двете малолетни деца.

Маркетинг

Тој беше кандидат за градоначалник на Карбинци во 2013, но изгуби од Зоран Минов од ВМРО-ДПМНЕ.


Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button