Реклама
MAMAБебиња

Поради деформитетот докторите ја советувале да абoртирa: Не ги послуша, денес тој има 6 години а еве како изгледа по неколку операции

Броди е среќно дете...

Реклама

Сара и Крис Хелер се горди родители на Броди, момче родено со деформитет на усните.

фото инстаграм/Сара Хелер

Синдромот на расцеп на усна се јавува кога одредени ткива не се формираат правилно, а можно е да се види на ултразвук по 12-та недела од бременоста.

Маркетинг

фото инстаграм/Сара Хелер

Имено пред да се роди нивниот син, докторите го советувале овој пар да размисли за або.рти.рање.

Маркетинг

фото инстаграм/Сара Хелер

Но и покрај тоа што им било кажано дека ќе имаат дете со деформитет, младиот пар знаел дека сака да го задржи бебето без разлика на се, па денес тоа се покажало како најдобрата одлука која ја донеле.

фото инстаграм/Сара Хелер

Сара и Крис не се грижеле за тоа што нивниот син ќе изгледа поинаку и беа подготвени да се жртвуваат со потенцијалните здравствени проблеми на нивното идно дете.

фото инстаграм/Сара Хелер

Ниту еден момент не се двоумеле, го засакале своето бебе – иако се уште не било ни родено.

Кога бебето дојде на свет, Сара и Крис Хелер сакаа да ја споделат својата приказна со целиот свет со надеж дека ќе го променат начинот на кој луѓето ги перцепираат децата родени со одредени оштетувања, но и да инспирираат некој да се справи со сличен проблем.

фото инстаграм/Сара Хелер

„Треба да бидете горди на вашето бебе без оглед на околностите. Сакавме да покажеме дека е можно да се промени она што го покажа ултразвукот, а потоа и првите фотографии од мојот Броди. Мислевме дека треба да им покажеме на луѓето дека е можно да се справиме со расцепот на неговото лице“, изјави Сара Хелер, мајка на мало момче кое е родено со расцеп на усната и непцето.

фото инстаграм/Сара Хелер

Ова оштетување не е само од естетска природа – може да му отежне на бебето да јаде, пие, да се смее, па дури и да дише. Меѓутоа, во повеќето случаи овој проблем успешно се решава со операција, па овие деца можат да имаат сосема нормален живот.

фото инстаграм/Сара Хелер

„Решив да ги едуцирам луѓето, наместо да ги напаѓам и да се борам со нив, и тоа сакам Броди да го прави кога ќе порасне нагласи оваа храбра мајка.

фото инстаграм/Сара Хелер

Броди денес има 6 години и имал среќно детство, иако имал неколку операции за неутрализирање на штетата.

фото инстаграм/Сара Хелер

„Кога се роди Броди, сфативме колку луѓе го имаат истиот проблем. Луѓето од целата земја и светот не контактираа, ни рекоа дека се молат за нас и ја понудија својата помош истакна Хелер.

фото инстаграм/Сара Хелер

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button