Реклама
Вирално

Полицајката што го доеше напуштеното бебе е наградена!

Реклама

Има надеж

Полицајката од Аргентина Селест Жакелин Ајала минатата недела стана хит во целиот свет откако го надои гладното дете кое беше одвоено од своите родители по доаѓањето во детската болница во Буенос Аирес. Таа веднаш беше унапредена во поручник, а целиот настан се случи откако Селест, која е мајка на две деца од кое едното е шестмесечно бебе, препозна дека бебето е гладно и почна да го дои. Нејзиниот колега Маркос Ередија беше изненаден од нејзиниот гест и фотографијата ја објави на Фејсбук, па за кратко време почнаа да пристигаат огромен број лајкови и позитивни коментари, а приказната заврши во медиумите ширум светот. „Не се двоумев ни секунда, веднаш му дадев да цица и се смири“, изјави таа за странските медиуми.

Маркетинг

Инаку, Селест работи како полицаја три години, а неретко работи и прекувремено за да заработи доволно за живот. Нејзиното унапредување во поручник сигурно ќе и значи многу, а и ние сме пресреќни кога ќе видиме дека некаде во светот добрите луѓе се наградуваат.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button